fbpx

МНР на Украина: Меѓународната заедница да го запре геноцидот на украинскиот народ

Тоа е војна против цивили со геноцидни цели, а најновиот напад е само обид на очајот на Русија, која не може да го сврти текот на војната, се вели во соопштението

-

По најновиот руски напад од воздух врз цивилни цели во најголемите градови на Украина, реагираше Министерството за надворешни работи (МНР) на земјата, велејќи дека руските сили „се борат“ против цивили, и побара „меѓународната заедница да ги обедини сите напори за да се запре рускиот геноцид врз украинскиот народ“

„Според прелиминарните информации, непријателот употребил 158 средства за воздушен напад: ракети од различен тип и ударни беспилотни летала. Масовниот напад беше насочен кон Кијив, Лвив, Днипро, Одеса, Харкив, Хмелницкиј и други украински региони. Породилиште, училиште, станбена зграда, градинка, пошта, метро станица, трговски центар се само дел од цивилните објекти нападнати од руската армија. Десетици луѓе загинаа и беа повредени како резултат на гранатирањето. Потрагата по оние кои останаа под урнатините е во тек“, информира украинското МНР.

Тоа е војна против цивили со геноцидни цели, а најновиот напад е само обид на очајот на Русија, која не може да го сврти текот на војната, се вели во соопштението.

„Руските трупи се борат против украинските жени, деца, стари лица и цивилното население. Злосторствата извршени од Русија во Украина денес се нејзина одмазда за неможноста да го сврти текот на борбата на бојното поле со украинските одбранбени сили“, вели украинското МНР.

Истовремено, упатува апел меѓународната заедница да не размислува за друго решение освен трајно запирање на руската агресија.

„Ја повикуваме меѓународната заедница да ги обедини сите напори за да се запре рускиот геноцид врз украинскиот народ. Никакви разговори за „примирје“, „привремено отстапување на територии“, „замор“, „преговори“ и други „отстапки“ нема да ја запрат руската агресија, туку само ќе ги зголемат нејзините размери. Русија не разгледува никакви други сценарија освен целосно уништување на Украина“, се вели во апелот, во кој се посочува дека единствениот начин за позитивен исход е партнерите да ѝ ги дадат на Украина сите неопходни финансиски и воени средства.

Најмалку 12 загинати цивили во најновиот руски напад во Украина

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...