МНР сериозно загрижено за резулатите од Пописот во Албанија

„Прелиминарните податоци, за жал, не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата“, велат од МНР

-

Сериозна загриженост за прелиминарните резултати од пописот во Албанија искажа Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Според овие резултати, во Албанија живеат речиси 8.000 Бугари, а само 2.300 Македонци. Пред 13 години, на пописот во 2011 година во Албанија биле регистрирани 5.500 Македонци.

Според МНР, постојат сериозни технички нерегуларности во начинот на реализација на пописот, на што македонските здруженија во Албанија укажуваа и пред самиот попис. „Прелиминарните податоци, за жал, не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата“, велат од МНР.

Дополнително, Министерството изразува незадоволство и остро реагира на употребата на термин „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница.

Министерството најави дека ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес, разгледување на можностите за соодветна корекција на направените пропусти и изнаоѓање на најадекватни начини за понатамошно заедничко дејствување и унапредување на билатералните односи со Република Албанија.

Од МНР најавуваат дека интензивно ќе соработуваат со надлежните претставници на властите во Република Албанија и со претставниците на Македонската заедница за нивна културна и социјална промоција во рамките на албанското општество.

„Сите отворени прашања меѓу две соседни држави треба да се решаваат преку дијалог и меѓусебно разбирање и почитување на правилата, принципите и вредностите на меѓународниот правен поредок“, велат од МНР.

САД, Европа и Русија не тестираат нуклеарно оружје од 1996 година

Подземните тестови спроведени од Советскиот Сојуз продолжија до 1990 година, Обединетото Кралство до 1991 година, САД до 1992 година и Кина и Франција до 1996 година. Со потпишувањето на...