недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ракетен напад | 48 резултати

ОН: Детската болница во Киев најверојатно била погодена од руски проектил

јули 9, 2024

Детската болница во Киев најверојатно била погодена од руски проектил, изјави шефицата на набљудувачката мисија на Обединетите нации во Украина, Даниел Бел. Советот за безбедност на Обединетите нации соопшти дека денеска ќе одржи вонредна седница за Украина по ракетниот напад. Одржување на седницата побара украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува АФП. Вчера, 41 лица, вклучително и […]

Пентагон вети воена помош од 300 милиони долари за Украина

март 13, 2024

Оружја, муниција и други компоненти од новиот пакет воена помош од САД за Украина ќе бидат доставени на земјата многу набргу, преку претходно воспоставените канали, соопшти Генерал мајор Пет Рајдер, портпарол на Пентагон на брифинг за медиумите. Како што пренесе украинската државна новинска агенција ukrinform.net, новиот пакет помош вреден 300 милиони американски долари, на украинските […]

Израел со воздушни напади на Рафа, Борел предупреди на катастрофални последици

февруари 10, 2024

Во воздушните напади во градот Рафа во Појасот Газа загинаа најмалку 28 лица, додека повеќе од милион цивили кои се засолнуваат во областа се подготвуваат за можноста за целосна израелска копнена офанзива на последното место кое се смета за релативно безбедна територија, пренесува Гардијан. Рафа е најјужниот град на палестинската територија што е погоден од […]

Повредени најмалку 13 лица во руски ракетен напад врз Кијив

февруари 7, 2024

Руските вооружени сили утрово извршија голем ракетен напад врз главниот град на Украина, Кијив, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Ракетни напади се извршени и врз други населени места во Украина, при што, како одговор, биле активирани капацитетите на Военото воздухопловство на Украина. Во Кијив досега се знае за 13 ранети или инаку повредени цивили, […]

Иран изврши напади врз Пакистан, загинале и деца

јануари 17, 2024

Две деца биле убиени, а три други повредени во вчерашните напади на Иран, соопшти Пакистан, откако стана третата земја која неделава е цел на напади од Техеран. Иран соопшти дека погодил две локации поврзани со милитантната група Џаиш ал-Адл, според новинската агенција поврзана со иранската војска, а пренесува Би-би-си. Пакистан ова го нарече „незаконски чин“ […]

Хамас испука ракетен „рафал“ врз Израел во првите часови на новата година

јануари 1, 2024

Малку по полноќ, односно по почетокот на новата 2024 година, припадниците на Хамас истрелале серија ракети врз територијата на Израел, јавија светските агенции. Со тоа, новата година за жителите на одредени региони на Израел почна со воздушна тревога. Засега нема податоци за штети и жртви. Истовремено, продолжи израелската копнена воена операција на територијата на Газа. […]

МНР на Украина: Меѓународната заедница да го запре геноцидот на украинскиот народ

декември 29, 2023

По најновиот руски напад од воздух врз цивилни цели во најголемите градови на Украина, реагираше Министерството за надворешни работи (МНР) на земјата, велејќи дека руските сили „се борат“ против цивили, и побара „меѓународната заедница да ги обедини сите напори за да се запре рускиот геноцид врз украинскиот народ“ „Според прелиминарните информации, непријателот употребил 158 средства […]

Најмалку 12 загинати цивили во најновиот руски напад во Украина

декември 29, 2023

Во серијата руски напади врз цели во Украина, што почна вчера и уште трае, загинати се најмалку 12 цивили. Станува збор за досега најголема покриеност на украинската територија со напади од почетокот на руската инвазија на соседната земја, на 24 февруари 2022 година, јавуваат светските агенции. Според вооружените сили на Украина, Русија лансирала вкупно 158 […]

Русија убила 513 деца од почетокот на инвазијата на Украина

декември 29, 2023

Како резултат на руската инвазија на Украина што почна на 24 февруари 2022 година, досега 513 деца во земјата ги загубиле животите, а 1.161 дете биле повредени, известува украинската државна новинска агенција Укринформ пренесувајќи го соопштението на Генералното јавно обвинителство на Украина. „Повеќе од 1.674 деца станале жртви на војната во Украина, како резултат на […]

Најмалку 19 лица загинаа откако Русија нападна воена церемонија за доделување медали во Украина

ноември 6, 2023

Русија изврши ракетен напад врз воена церемонија на доделување медали на украински војници во регионот Запорижја, при што најмалку 19 војници загинаа, јавува Укринформ. Украинското раководство веднаш најави истрага за случајот, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека рускиот напад врз церемонијата е „трагедија која можела да се избегне“. Украинскиот министер за одбрана веднаш отвори […]

Меѓународната заедница го осуди нападот врз болницата во Газа

октомври 18, 2023

Смртоносниот напад врз болницата Ал-Ахли во Газа во кој загинаа најмалку 500 лица, според кажувањата на властите во Газа блиски до Хамас, доведе до реакции од меѓународната заедница. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонскиот разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас искажа најдлабоко сочуство за жителите кои ги изгубија животите во нападот врз болницата во […]

Тројца убиени во руски напад на Доњецк, меѓу нив и 11-годишно дете

октомври 13, 2023

Двајца цивили, меѓу кои и едно дете, загинаа во руско гранатирање на украинскиот регион Доњецк. Како што пренесува Укринформ, бројката на жртви не е конечна бидејќи во моментов е невозможно да се утврдат жртвите во Мариупол и Валноваха. Руските сили вчера извршиле ракетни напади врз селото Бахатир во областа Валноваха. Загинало 11-годишно момче, а повредени […]

Деветмесечно бебе и неговата мајка меѓу повредените во руските напади врз Херсон

октомври 8, 2023

Четири лица, меѓу кои и деветгодишно девојче, се повредени во рускиот ракетен напад врз областа Константинивка во украинскиот регион Донецк што се случи утрово, објави украинската државна новинска агенција „Укринформ“. Руските напаѓачи лансирале крстосувачка ракета „Искандер“ околу 6 часот и 25 минути утрово, при што мета била станбена зграда. Во експлозијата биле повредени четири лица […]

Шарл Мишел: Украина би можела да стане членка на ЕУ до 2030 година

октомври 4, 2023

Украина би можела да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако сите услови за тоа бидат исполнети, порача претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел во интервју за германски „Шпигел“. „Украина може да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако двете страни си ја сработат домашната задача“, вели Мишел, одговарајќи на прашањето дали мислел […]

Украина денеска повторно го ракетираше градот Севастопољ на Крим

септември 23, 2023

Украинските вооружени сили утрово извршиле уште едеен напад на градот Севастопољ на полуостровот Крим што Русија го анектираше пред 8 години, јави новинската агенција „Асошиејтид Прес“. Нападот доаѓа еден ден откако претходно Украина го нападна штабот на руската Црноморска флота, по што, според руски извори, еден припадник на руските сили е исчезнат а главниот објект […]

Руска ракета погоди пазар во Украина, загинаа најмалку 16 лица

септември 6, 2023

Најмалку 16 цивили загинаа, а 31 лице е повредено во најновиот руски ракетен напад врз пазар во украинскиот град Костјантиновка, јавува Укринформ. Ракета истрелана од Русија уништила 20 продавници во овој град лоциран во Донецкиот регион, а бројот на жртви во нападот се стравува дека ќе расте. Украинските спасувачки екипи во моментов се на терен, […]

Кијивскиот регион повторно ракетиран, оштетени деловни објекти и автомобили

септември 6, 2023

Од парчињата на уништени руски ракети ноќеска, во регионот Кијив биле оштетени деловни објекти, приватни автомобили и фасади на згради, како и еден камион и еден булдожер, соопшти Кијивската регионална воена управа, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Руските агресорски сили истрелувале ракети во период од два часа, при што дејствувала украинската противвоздушна одбрана. Не […]

Двајца загинати и петмина повредени во рускиот напад на регионот Полтава

август 28, 2023

Во рускиот ракетен напад врз селото Гогољево во областа Полтава, загинаа две лица, а пет се повредени, соопшти денес шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, пренесе Укринформ. „Четири крстосувачки ракети беа истрелани од непријателска фрегата од Црното Море во близина на Феодосија. Исто така, двe крстисувачки ракети Кс-59 беа истрелани од два […]

Украинските сили пресретнаа четири руски крстосувачки ракети, напади со дронови во Русија

август 27, 2023

Украинската војска уништила четири крстосувачки ракети над северна и централна Украина за време на руски воздушен напад во текот на изминатава ноќ, јави Укринформ по информациите на кијивските воздухопловни сили. Се наведува дека украинските сили откриле до осум воздушни цели, но дека нема моментални извештаи за напади, додавајќи оти останатите цели биле „веројатно лажни“. Воздухопловните […]

Зеленски: Во ракетен напад уништен е Центар за трансфузија на крв

август 6, 2023

Руска ракета погоди центар за трансфузија на крв во североисточна Украина, при што загинаа две лица, а четворица беа повредени, соопштија украинските власти, пренесе Би-би-си. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави слика од зградата која гори како резултат на нападот во саботата вечерта во околината на Купијанск, во регионот Харков. „Ова воено злосторство само кажува сè […]

Страна 1 од 3