Кијивскиот регион повторно ракетиран, оштетени деловни објекти и автомобили

Продолжиле и руските напади врз пристаништето Измаил на реката Дунав во регионот Одеса, при што едно лице го загубило животот

-

Од парчињата на уништени руски ракети ноќеска, во регионот Кијив биле оштетени деловни објекти, приватни автомобили и фасади на згради, како и еден камион и еден булдожер, соопшти Кијивската регионална воена управа, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Руските агресорски сили истрелувале ракети во период од два часа, при што дејствувала украинската противвоздушна одбрана. Не биле погодени критично важни или станбени објекти и нема жртви, но парчињата од пресретнатите и уништени руски ракети ги предизвикале погоренаведените штети и предизвикале и пожари на исушена вегетација.

Според украинските вооружени сили, сите истрелани руски ракети биле уништени.

Продолжиле и руските напади врз пристаништето Измаил во регионот Одеса, при што едно лице го загубило животот. Во ноќната акција била уништени пристанишна и земјоделска инфраструктура. Измаил е едно од најголемите пристаништа на Украина за извоз на жито и други земјоделски производи. Украина тврди дека руски ракети паднале на територијата на Романија, но Романија ги негираше таквите наводи.

Измаил, кој е на самата граница со Романија, беше цел на жестоки руски напади и пред два дена.

Борбените дејствија продолжија и на други територии долж линијата на фронтот, а засега нема извештаи за загинати цивили.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа состанок на врховните команданти на оружените сили, за да се направи план за подготвеност за енергетските капацитети. Зеленски нагласил дека ќе треба многу да се работи, а сите присутни на состанокот добиле конкретни задачи.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...