fbpx

ССНМ го поздравува почетокот на решавање на проблемот на вработените во МИА

Од ССНМ сметаат дека со ова покачување само делумно се анулира повеќегодишниот застој во зголемувањето на платите во МИА, и дека истите во просек и натаму се далеку од просекот на државно ниво

-

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници соопшти дека со одобрување ја дочекале Одлуката на Владата на РМ за утврдување на висината на бодот за пресметување на платите на вработените во АД МИА. Оваа одлука, вели ССНМ, била донесена од Управниот одбор на друштвото, но тие оценуваат дека ова е исполнување на само дел од барањата на вработените.

„Со одлуката донесена денеска (6 септември 2023 година) вредноста на бодот се зголемува од 68,6 на 81 денар и истата ќе се применува од септемвриската плата, но ова покачување соодветствува на само 18 проценти и не ги задоволува објективните барања на вработените зад кои застана и ССНМ“, соопшти синдикатот и потсети дека барањата на вработените беа покачувањето да изнесуваа 30 проценти на досегашните примања.

Од ССНМ сметаат дека со ова покачување само делумно се анулира повеќегодишниот застој во зголемувањето на платите во МИА, и дека истите во просек и натаму се далеку од просекот на државно ниво.

Од таму најавуваат дека и понатаму безрезервно ќе ги поддржуваат вработените до целосно исполнување на нивните барања од летово.

ССНМ посочува дека летово се одржаа повеќедневни протести кои не го попречија работењето на Медиумската информативна агенција.

„Потсетуваме дека колегите бараат и изедначување според индексот на трошоците на живот, и зголемување од 10 проценти на основната бруто плата според општиот колективен договор“, соопшти ССНМ.

Протестот на вработените во МИА ставен во мирување, се чека Ковачевски да го исполни ветувањето

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...