среда, 14 октомври, 2026
Meta.mk

Ознака: штрајк | 286 резултати

Штрајкови низ цела Франција, стотици илјади луѓе се приклучуваат на протестите

септември 19, 2025

Стотици илјади луѓе излегоа на улични демонстрации низ цела Франција, додека синдикатите штрајкуваат за да извршат притисок врз новиот премиер, Себастијан Лекорну, да ги преиспита буџетските намалувања и да дејствува во однос на платите, пензиите и јавните услуги. Прекинат беше јавниот превоз бидејќи возачите на возови, автобуси и трамваи штрајкуваа, болничкиот персонал се придружи на […]

Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

април 2, 2025

Членовите на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата. Од ССМ побараа да запрат и нападите врз синдикатите. Доколку не се зголеми минималната плата, раководството на […]

Стотици летови откажани поради штрајкови на германските аеродроми

март 10, 2025

Стотици летови се откажани низ Германија поради тоа што аеродромските работници започнаа национален штрајк поради платите, предизвикувајќи големи нарушувања за патниците, пренесува Би-Би-Си. Индустриското дејствување, предводено од синдикатот Верди, неочекувано започна во неделата на аеродромот во Хамбург, пред да се прошири во национален штрајк. Патниците на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Берлин и други големи центри […]

Белградските средношколци утре повикуваат на генерален штрајк поради цените и поради состојбата во државата

март 6, 2025

Средношколците во Белград повикаа на генерален штрајк утре. Тие ќе се соберат кај „Славија“ во 15 часот и 30 минути, а потоа ќе излезат на протестна прошетка, пренесува Н1. „Повикуваме на генерален штрајк, не само поради високите цени во Србија, туку и поради ситуацијата во земјата, како и поради неодговорноста на сите надлежни институции според […]

Вработените во Самсунг во генерален штрајк, бараат повисоки плати и подобри услови

јули 10, 2024

Најголемиот синдикат на Самсунг Електроникс во Јужна Кореја стапи во генерален штрајк на неопределено време, откако тридневниот прекин на работата и работничките маршеви не дадоа резултати. Работниците на Самсунг бараат повисоки плати и бонуси. Националниот синдикат на Самсунг Електроникс објави дека 31.000 негови членови, што е околу една четвртина од вкупниот број вработени во технолошкиот […]

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

април 16, 2024

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата да се примени веднаш по парламентарните избори. Синдикатот се жали дека на нивните повици за решавање на лошите состојби во Пошта не се одзвале ниту Управниот […]

Приватните специјализанти бараат писмена гаранција дека ќе добијат регулиран работен однос

април 15, 2024

Приватните специјализанти од денеска нема да одат на работа додека не добијат гаранција дека ќе бидат исполнети нивнте барања за повисоки плати и регулирање на работниот однос. Тие денеска започнаа со штрајк, за кој најавија дека ќе продолжи ако не добијаат писмени гаранции дека барањата ќе им бидат исполнети. Специјализантите штрајкуваа и пред две недели […]

Штрајковите на германските аеродроми ги поништуваат плановите на илјадници патници

март 15, 2024

Вработените во обезбедувањето на пет германски аеродроми вчера стапија во штрајк, попречувајќи ги плановите на десетици илјади патници, пренесува германската новинска агенција ДПА. Во четвртокот наутро синдикатот „Верди“ започна еднодневен штрајк на аеродромите во Хамбург, Штутгарт, Карлсруе/Баден-Баден, Келн и Берлин. Според здружението на аеродромски оператори, повеќе од 580 летови биле откажани, а 90.000 патници морале […]

Германија парализирана, штрајк на јавните превозници

февруари 29, 2024

Вработените во градскиот и приградскиот транспорт во неколку германски провинции утринава започнаа дводневен предупредувачки штрајк. Автобусите, трамваите и метрото во многу градови останаа паркирани, пренесува германската новинска агенција ДПА. Синдикатот Верди повика на штрајк до петок во обид да се зголеми притисокот врз работодавачите во колективните преговори. Суспензијата на превозниците се случува во Берлин, Хамбург, […]

НСЗР најавува штрајк доколку нема линеарно зголемување на платите

февруари 25, 2024

Правилно и законски да се исплати платата, согласно Законот за минимална плата, побара Независниот синдикат на здравствени работници на денешната прес-конференција. Независниот синдикат при КСОМ најави протести за време на паузите, затворање на болниците и поликлиниките од 11 до 14 часот и генерален штрајк во здравството доколку во април паралелно со зголемената минимална плата за […]

Вработените во ЈСП повторно без плата, Скопје утре повторно без јавен превоз

февруари 15, 2024

Утре Скопје повторно останува без јавен превоз. Претседателот на синдикатот Миќо Стојановски, вели дека вработените сè уште не ги добиле јануарските плати заклучно со 15-ти во месецот, според законскиот рок. Тој им се извини на патниците кои нема да може да ги користат услугите на јавниот превоз,и не прецизираше до кога ќе трае штрајкот. „Чекавме […]

Штрајкот во Фондот за здравство во мирување, за граѓаните ќе бидат достапни сите услуги

февруари 7, 2024

Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) е ставен во мирување, откако Владата вчера донесе одлука дека платите на вработените нема да се намалуваат, како што претходно беше најавено. На денешната прес-конференција, генералните директори Магдалена Филиповска-Грашковска и Асаф Абдурамани, заменик министерката за здравство Маја Манолева, како и двајцата преставници од синдикатот (Бранко Аџигогов) и од […]

Платите во Фондот за здравство нема да се намалат, се очекува штрајкот да прекине

февруари 6, 2024

По дводневниот штрајк на вработените во Фондот за здравствено осигурување, поради одлуката за намалување на платите, донесена е одлука дека тие ќе останат со иста вредност, до 31 мај 2024 година. Ова на својот профил го напиша директорот на ФЗОМ, Асаф Абдурамани, изразувајќи благодарност до техничкиот премиер Талат Џафери. „Денеска премиерот Талат Џафери во тесна […]

Штрајк во Фондот за здравство: Нема исплата на боледувања и на породилно отсуство

февруари 5, 2024

Денеска почна штрајкот на вработените во Фондот за здравствено осигурување. Ќе нема исплата на боледувањата, породилнотo отсуство, барања за рехабилитација и ортопедски помагала, како и барањата за осигурување во странство, односно за двојазичните обрасци. „Граѓаните ќе имаат рецепти и упати, но ќе нема плати во јавното здравство“, изјави Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на […]

Вработените во ФЗО најавија штрајк против намалувањето на платите

февруари 4, 2024

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов најави дека вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе штајкуваат заради најавеното намалување на платите. Трендафилов, во интервју за Радио Слободна Европа, информираше дека одлуката за штрајк е веќе донесена и ќе стартува од утре. „Штрајкот е непопуларна мерка кон која прибегнуваат работниците и синдикатите […]

В понеделник Фондот за здравство стапува во штрајк

февруари 2, 2024

Од понеделник синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување стапува во штрајк. Како што се вели во соопштението на ФЗОМ, сите подрачни единици на фондот ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само неопходните работни задачи. Само по еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи. Вработените се заблагодарија за досегашната […]

Германија без автобуси, метроа и трамваи – протестираат јавните превозници

февруари 2, 2024

Вработените во локалниот јавен превоз во околу 80 германски градови и населени места денеска организираат еднодневен штрајк. Патниците ќе имаат редуцирани линии или пак воопшто нема да можат да ги користат автобуските, трамвајските и метро линиите во градовите низ Германија, со исклучок на Баварија, соопшти германската новинска агенција ДПА. Штрајкот трае еден ден, бидејќи и […]

Од понеделник ќе нема јавен превоз ако не се изгласаат субвенции за ЈСП

јануари 18, 2024

Скопјани од понеделник може да останат без јавен превоз доколку Советот на Град Скопје не свика итна седница на која ќе ги изгласа субвенциите за ЈСП за 2024 година, се заканија трите репрезентативни синдикати на Јавното сообраќајно претпријатие. „Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да […]

Германија во хаос – по земјоделците, нов штрајк започнаа машиновозачите

јануари 10, 2024

Германија деновиве е погодена од серија на штрајкови, кои предизвикуваат големи проблеми во тамошното општество. По блокадите на земјоделците, во Германија денеска стапија на штрајк машиновозачите кои од почетокот на ноември се во спор со раководството на Дојче Бан околу висината на платите, јавува германската новинска агенција ДПА. Прекинот со работа започна во два часот […]

Стопирани подготовките за сите тестирања и матурата, вработените во ДИЦ бараат за 8.000 денари повисоки плати

декември 28, 2023

Дваесет и тројцата вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе 11 дена се во штрајк и не ги извршуваат нивните работни обврски. Тие бараат повисоки плати, но засега нема никакви најави дека Минстерството за финансии ќе им излезе во пресрет. „Сите процеси што ги води ДИЦ се стопирани, односно тоа се приправничките испити за наставници, […]

Страна 1 од 15