fbpx
Таг: штрајк

таг: штрајк

Дел од здравствените работници протестираат, премиерот вели ќе се разгледаат барањата

Некои од здравствените работници организирани од Независниот синдикат на здравствени работници и административно-технички персонал денеска протестираа пред здравствените установи во периодот од 10:30 до 11 часот. Предупредувачкиот штрајк го поддржаа и дел од возачите од итната медицинска помош, кои со вклучени сирени на возилата го изразија револтот и ги поддржаа барањата на синдикатот. Дел од вработените бараат зголемување на платата...

Вработените во обвинителствата од утре нема да работат ништо ако владата не седне на преговори

Вработените од јавните обвинителства во земјава денеска повторно дојдоа во Скопје за да штрајкуваат за исполнување на нивните барања за покачување на платите. Штрајкот го организира синдикатот на УПОЗ при Сојузот на синдикатите на Македонија, а неговиот претседател Трпе Дејановски потсети дека денеска е 17-тиот ден од почетокот на штрајкот во јавните обвинителства. Дејановски предупреди дека денешниот штрајк е предупредување,...

Одложен е штрајкот на контролата за летање, нема да има застој во авиосообраќајот

На вчерашната средба во Министерството за транспорт и врски бил постигнат договор за согласност за решавање на барањата кои беа отворени од страна на Синдикатот на М-Нав (ССКЛ). „Со тоа е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Во меѓувреме се продолжува со координациите во ресорното министерство, со цел целосно реализирање на преземените обврски од двете страни“, соопштија од Владата. Барањата...

Судската администрација преку протести во Скопје побара зголемување на платите

Два протести во ист ден на судската администрација се случува денеска во Скопје, со барање за зголемување на платите за 78 отсто. Едниот протест го организира Независниот синдикат на судска администрација, додека другиот Синдикатот на работниците од управата, правосудните ограни и здруженијата на граѓани (УПОЗ). Двата протести се организираа на различни локации, односно пред Кривичниот суд, Министерството за правда,...

Вработените во jавните обвинителства во штрајк, бараат зголемување на платите за 78 проценти

Околку 390 вработени во службите на јавните обвинителства од денес штрајкуваат со барање платите да им се зголемат за 78 проценти, по примерот на функционерите, и да им се исплаќаат додатоците на плата до 35 проценти. Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејаноски, рече дека штрајкот ќе се одвива во сите 28 јавни обвинителства низ државата и ќе трае сè...

Вработените во обвинителствата и во судовите идната недела стапуваат во штрајк

Вработените во обвинителствата ќе започнат со штрајк идната среда, на 27 септември, а два дена подоцна ќе им се придружат и колегите од судовите, најавија на денешната прес-конференција претставниците на Синдикатот на сојузот на Македонија и Синдикатот на УПОЗ. Со ова, повеќе од 2.500 вработени ќе го изразат незадоволството од висината нивните плати, кои во просек изнесуваат околу 25.000 денари....

Штрајкот на судската администрација во мирување, но протестите ќе продолжат

Наместо да почнат со штрајк, стотиците вработени во судската администрација сепак се одлучија да продолжат со преговори со надлежните власти во врска со нивното барање за зголемување на платите. Наместо штрајк и заканите со прекин на нивната работа, администрацијата во судовите ќе продолжи со работа во наредните денови. Но, тие ќе продолжат и со организирањето протести - следниот веќе...

Судската администрација денеска на протест, од утре на штрајк

Стотици вработени во судската администрација денеска излегоа на протест во Скопје, со барање за зголемување на нивните плати, и тоа за 78 отсто на минималната плата во судската служба и за 35 отсто на додатокот за плата за судските службеници. Тие протестираа пред владиното седиште и пред Министерството за правда, а бидејќи не биле прифатени нивните барања на средбата...

ССНМ го поздравува почетокот на решавање на проблемот на вработените во МИА

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници соопшти дека со одобрување ја дочекале Одлуката на Владата на РМ за утврдување на висината на бодот за пресметување на платите на вработените во АД МИА. Оваа одлука, вели ССНМ, била донесена од Управниот одбор на друштвото, но тие оценуваат дека ова е исполнување на само дел од барањата на вработените. „Со одлуката...

Протестот на вработените во МИА ставен во мирување, се чека Ковачевски да го исполни ветувањето

Вработените во Медиумската Информативна Агенција – МИА, организирани од репрезентативниот синдикат на Агенцијата СМИА и ССНМ очекуваат премиерот Димитар Ковачевски да го одржи ветувањетo кое го даде во интервјуто за МИА дека на наредна седница на Влада ќе го усвои предлогот за зголемување на платите на вработените во државната новинска агенција. До тогаш протестот се става во мирување, известува...

Постигнат договор, возовите ќе почнат да сообраќаат од 20 часот

Патничките и товарните возови ќе продолжат да сообраќаат од вечерва во 20 часот по седумчасовниот бојкот на работењето на вработените од Железници на РСМ-Транспорт. Вработените со менаџментот на државната компанија постигнале договор најдоцна до петок да се исплати вториот дел од платата за јуни, но и да започнат преговори за измени во актот на систематизација за да се покачи...

Машиновозачите повторно со прекин на сообраќајот бараат исплата на плата

Поради бојкот на работата од страна на машиновозачите, од денеска во 13 часот во прекин е патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава. Железничарите бараат од раководството на Железници на РСМ-Транспорт исплата на вториот дел од платата за јуни, но и покачување на коефициентите. Бојкотот на машиновозачите резултира со прекин на сообраќањето на патничките и товарните возови во земјава, а...

Актерите во Холивуд стапија во штрајк – тврдат дека студијата бараат нивни ВИ реплики бесплатно и засекогаш

Втор месец траат штрајковите на сценаристите во Холивуд, а од денеска на штрајкот се придружуваат илјадници актери претставени од Здружението на актерите – Американската федерација на телевизиски и радио уметници (SAG-AFTRA). Станува збор за синдикат на 160.000 изведувачи, телевизиски и радио лица, новинари, пејачи, а меѓу нив и некои од најпопуларните лица во забавната индустрија како Том Хенкс и...

Од 1 септември генерален штрајк на судската администрација ако нема повисоки плати

Вработените во судската администрација денеска вторпат излегоа на протест пред судовите и ги повторија своите барања за покачување на плата и додатоци на плата. Овој протест, за разлика од претходниот кој се одржа само пред Основниот кривичен суд во Скопје, беше поддржан од сите судови во земјава – од Битола и Тетово до Струга и Штип. Вработените во судската администрација...

Во Скопје смрдеа од преполните контејнери и револт на граѓаните [галерија]

Контејнерите за ѓубре се преполнети, околу нив полека растат ридови од ѓубре, а на високите температури смрдеата од ѓубрето се повеќе се засилува, па е тешко подносливо човек да им се приближи и на два метра. Таква е сликата во Скопје денеска, откако поради штрајкот на вработените во ЈП „Комунална хигиена - Скопје“, веќе трет ден контејнерите не се...

Ноќеска тензично во ЈП Комунална хигиена, повикана и полицијата

Ноќеска состојбата во ЈП Комунална хигиена била тензична. Имено, полицијата била повикана во претпријатието со цел вработените да излезат на терен да работат, јави Порталб.мк. Вработените во петокот пред полноќ прекинале со работа, и се жалат на отпуштањето на голем број вработени и деградадирање од страна на актуелните раководители на претпријатието. https://meta.mk/nema-da-go-sobereme-smetot-dodeka-ne-se-vratat-na-rabota-otpushtenite-kolegi-velat-vraboteni-vo-komunalna-higiena/ Контејнерите за отпад во Скопје  и претпладнево се неиспразнети, а...

Бесими: Со штрајк не може да се блокираат граничните премини

Ниту вработените во Управата за јавни приходи ниту царинските службеници имаат намера да затворат гранични премини или да не исплатат плати, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој изрази уверување дека ситуацијата ќе се надмине оти како што објасни, има закон за регулирање на правата и за тоа како се дефинира процедурата за штрајк. Во однос на тоа дали...

Ако нема договор за повисоки плати до 27 јуни, вработените во УЈП најавија генерален штрајк

Ако до 27 јуни вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) не го добијат бараното покачување на платите за 30 отсто, ќе следува генерален штрајк, а тоа ќе значи дека сите исплати во државата ќе бидат блокирани, најавија денеска синдикалците од оваа институција. „Понудено е помирување преку Министерството за труд и социјална политика согласно регулатива и предложен помирувач, а претходно...

Протести во Царина и УЈП, вработените бараат повисоки плати

Вработените во Царинската управа на РСМ и Управата за јавни приходи (УЈП) денеска протестираа за повисоки плати. Вработените во Царина за време на паузата од 12 до 12:30 часот одржаа предупредувачки протест, при што побараа исплата на додаток на платата од 30 отсто и нов колективен договор. Од Синдикатот во Царинската управа предупредија дека ќе ги затворат граничните премини кон...

Железничкиот превоз повторно во функција откако се исплати априлската плата

Патничкиот и товарниот железнички превоз се повторно во функција по петчасовниот штрајк на железничарите поради неисплатената плата за април. Возовите сообраќаат по редовниот возен ред по 13 часот, откако утрово вработените од влеча на возови во депото „Лисиче“ престанаа со работа. https://meta.mk/vozovite-ne-soobrakjaat-zheleznicharite-baraat-plata-za-april/ Платата за април на сите вработени во Железници на РСМ-Транспорт им е исплатена во текот на денов, поради што...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...