fbpx

Штрајкот во Фондот за здравство во мирување, за граѓаните ќе бидат достапни сите услуги

Ниту еден граѓанин нема да биде оштетен од тоа што се случи, рече претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски

-

Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) е ставен во мирување, откако Владата вчера донесе одлука дека платите на вработените нема да се намалуваат, како што претходно беше најавено.

На денешната прес-конференција, генералните директори Магдалена Филиповска-Грашковска и Асаф Абдурамани, заменик министерката за здравство Маја Манолева, како и двајцата преставници од синдикатот (Бранко Аџигогов) и од УПОЗ (Трпе Деаноски) се заблагодарија на Владата, особено на техничкиот премиер Талат Џафери.

Аџигогов соопшти дека од денеска се отворени сите служби и подрачни единици и дека на граѓаните им се достапни сите услуги. Деаноски, пак, изјави дека штрајкот е ставен во мирување, бидејќи одлуката дека нема да има намалување важи до 31 мај 2024 година, а доколку потоа се смени одлуката, вработените повторно ќе реагираат.

„Затоа реков дека штрајкот се става во мирување, но редовно ќе се извршуваат сите услуги на Фондот и граѓаните редовно ќе бидат сервисирани. Три дена штрајк не е многу, но со ова се виде силата на работниците. Датумот 31 мај е поради изборите, ќе се чека да завршат и да има ребаланс на буџетот, по што ќе чекаме да видиме какво ќе биде вреднувањето на бодот. Се надевам дека ќе ја задржи досегашната вредност. Ниту еден граѓанин нема да биде оштетен од тоа што се случи“, рече Деаноски.

Филиповска-Грашковска рече дека по решавањето на овој проблем, очекува вработените да се вратат на тековните обврски, но и на започнатите реформи во институцијата.

Вработените во ФЗО стапија во штрајк во понеделникот, со барање платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата од 2023 година, со утврденото зголемување од 15 отсто. Тие изразуваа незадоволство од можното намалување на платите за 21 отсто.

Владата на вчерашната седница одлучи да ја поништи препораката до Управниот одбор на ФЗО од 9 јануари 2024 година и донесе нова препорака којашто се однесува на сегашната вредност на бодот за пресметка на плати со важност од 1 јануари 2024 година до 31 мај 2024 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...