fbpx

Германија без автобуси, метроа и трамваи – протестираат јавните превозници

Патниците ќе имаат редуцирани линии или пак воопшто нема да можат да ги користат автобуските, трамвајските и метро линиите во градовите низ Германија, со исклучок на Баварија

-

Вработените во локалниот јавен превоз во околу 80 германски градови и населени места денеска организираат еднодневен штрајк. Патниците ќе имаат редуцирани линии или пак воопшто нема да можат да ги користат автобуските, трамвајските и метро линиите во градовите низ Германија, со исклучок на Баварија, соопшти германската новинска агенција ДПА.

Штрајкот трае еден ден, бидејќи и вработените во обезбедувањето ја прекинаа работата на еден ден на 11 германски аеродроми во знак на предупредување. Според проценката на здружението на германските аеродроми АДВ, вчера околу 1.100 летови беа откажани или одложени низ целата земја, што влијаеше на околу 200.000 патници.

Минатата недела, пак, шест дена железничкиот сообраќај беше во застој поради штрајкот на машиновозачите.

Преговорите за платите во јавниот транспорт моментално се водат во речиси сите 16 германски покраини. Синдикатот „Верди“ е во колективни преговори во име на околу 90.000 работници.

Во разговорите кои се одвиваа минатиот викенд немаше договор.

Штрајковите се поддржани од климатската група „Петоци за иднината“ (Fridays for future), која најави протести и собири за поддршка на барањата на работниците и барање подобар јавен превоз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...