Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од 3,4 милијарди работници во светот се веќе изложени на прекумерна топлина во одреден момент од нивното работно време

-

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Меѓународната организација на трудот (МОТ) вчера оцени дека се заканува „коктел од опасности“.

МОТ, која е дел од ОН, проценува дека 2,4 од 3,4 милијарди работници во светот се веќе изложени на прекумерна топлина во одреден момент од нивното работно време. Ова особено се однесува на луѓето кои работат во земјоделството или имаат други занимања на отворена средина.

Според организацијата, речиси 19.000 луѓе годишно умираат од ефектите на прекумерната топлина за време на работата. Најголема опасност е топлината и УВ зрачењето.

Работењето за време на екстремни временски услови е исто така проблем, на пример за рибарите, но и за работниците за итни случаи и тимовите за чистење пo претрпени катастрофи.

Луѓето кои работат на отворено исто така се повеќе изложени на ризик од паразити кои се шират на поголеми области поради климатските промени.

Врската помеѓу климатските промени и одредени болести е веќе препознаена, како што се ракот на кожата, кардиоваскуларни или респираторни заболувања, како и макуларна дегенерација, која може да доведе до губење на видот.

МОТ ја пофали Германија за прописите кои бараат од работодавците да обезбедат заштитна облека поради ризикот од УВ зрачење и за лекување на некои форми на рак на кожата.

„Јасно е дека климатските промени веќе предизвикуваат значителни дополнителни здравствени ризици за работниците“, изјави Манал Ази од МОТ.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...