вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Обединети нации | 285 резултати

Тајната служба демонтира „мрежа од телекомуникациски уреди“ во близина на Генералното собрание на ОН во Њујорк

23 септември 2025

Тајната служба на САД соопшти дека „демонтирала мрежа од електронски уреди лоцирани низ целата тридржавна област на Њујорк, кои биле користени за спроведување на повеќекратни закани поврзани со телекомуникации насочени кон високи владини претставници на САД“, пренесува Си-Ен-Ен. Уредите биле концентрирани во рамките на 35 милји од тековниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации […]

Франција ја призна палестинската држава пред Генералното собрание на ОН

22 септември 2025

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција формално ја признала палестинската држава. Тоа е обид да се зголеми притисокот врз Израел додека продолжува со својата кампања во Газа и покрај меѓународниот бес. Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија официјално ја признаа Палестина вчера, пренесува Си-Ен-Ен. Американскиот претседател Доналд Трамп ќе зборува на Генералното собрание на […]

Израел започна офанзива во Газа, ОН обвинува за геноцид

16 септември 2025

Израелските сили во вторникот започнаа нова офанзива во Газа Сити при што илјадници Палестинци бегаа од Газа, додека стотици илјади останале во градот, објави Асошиејтед Прес. Операцијата, која според израелската армија има цел да ја „уништи воената инфраструктура на Хамас“, започна истиот ден кога експерти ангажирани од Советот за човекови права на Обединетите нации го […]

САД им ги укинаа визите на палестинските претставници пред седницата на ОН

30 август 2025

САД започнаа да одбиваат и укинуваат визи за членови на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и Палестинската власт (ПА) во пресрет на Генералното собрание на ОН во септември, пишува Гардијан. Меѓу засегнатите е и палестинскиот претседател, Махмуд Абас, кој планираше да отпатува во Њујорк и да се обрати пред ОН. Канцеларијата на Абас оцени дека одлуката […]

ОН: Воздушната помош не е решение за гладта во Газа

26 јули 2025

Шефот на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (UNRWA), Филип Лазарини, остро ги критикува хуманитарните воздушни пратки во Газа, оценувајќи дека тие се „скапи, неефикасни и потенцијално опасни“, пишува Би-би-си. Во објава на социјалните мрежи, Лазарини нагласува дека овие пратки „не ја запираат продлабочената глад“ меѓу цивилното население во Појасот Газа. Наместо тоа, повикува […]

ОН соопштија дека израелските сили убиле над илјада баратели на помош во Газа од мај, гладот драстично се влошува

23 јули 2025

Повеќе од 1000 Палестинци се убиени од израелските сили од мај додека се обидувале да добијат храна во Појасот Газа, претежно во близина на хуманитарни локации управувани од американски изведувач, соопшти во вторник канцеларијата на ОН за човекови права, пренесува Асошиејтед Прес. Во меѓувреме, израелските напади убија 25 лица низ Газа, според локалните здравствени службеници. […]

Трамп по втор пат ги повлекува САД од агенцијата на Обединетите Нации – УНЕСКО

22 јули 2025

Претседателот Доналд Трамп ги повлече Соединетите Американски Држави од агенцијата на ОН за култура и образование, УНЕСКО, во вторник, повторувајќи го потегот што веќе го нареди за време на неговиот прв мандат, кој беше поништен за време на Џо Бајден, пренесува Ројтерс. Повлекувањето од агенцијата со седиште во Париз, која беше основана по Втората светска […]

Истражителката на ОН за Газа, Франческа Албанезе, вели дека санкциите на САД против неа се знак на „вина“

11 јули 2025

Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН за Западниот Брег и Газа, одговори на веста дека администрацијата на Трамп ќе ја санкционира со објава на Икс во која вели дека „моќните ги казнуваат оние што зборуваат во име на немоќните, тоа не е знак на сила, туку на вина“, пренесува Гардијан. Како дел од напорите да […]

САД воведе санкции против Франческа Албанезе, функционерка на ОН која истражува злоупотреби во Газа

10 јули 2025

Администрацијата на Трамп објави дека воведува санкции против независен функционер задолжен за истражување на злоупотребите на човековите права на палестинските територии, што е најновиот обид на САД да ги казнат критичарите на 21-месечната војна на Израел во Газа, пренесува Гардијан. Одлуката на Стејт департментот да ја санкционира Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН за Западниот […]

Светски лидери со поделени реакции по американските напади врз Иран

22 јуни 2025

Светските лидери имаат поделени ставови за нападот на САД врз три ирански нуклеарни постројки. Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, го нарече нападот „историски момент“ и изрази благодарност до претседателот Трамп за „храбрата одлука“. Нетанјаху изјави дека нападот ќе го промени текот на историјата и ќе го спречи Иран да стекне најопасно оружје. „Честитки, претседателе Трамп. Вашата […]

Сиљановска-Давкова на конференција кај Макрон: Македонија дел од глобалната заложба за заштита на океаните

9 јуни 2025

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, учествува на глобалниот собир организиран од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, по повод Третата конференција на Обединетите нации за океанот. „Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, кој е домаќин на глобален настан што треба да создаде основа за превенирање на далекусежни […]

Дипломатска победа на Европа и Украина во ОН, резолуцијата на САД ко-спонзорирана од Македонија беше изменета

24 февруари 2025

Обединетите нации денеска го отфрлија обидот на САД да се разводни ставот на Генералното собрание за руската војна во Украина, во моменти кога американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да посредува за мировен договор, што на Киев и европските сојузници им донесе дипломатска победа во светската организација,  објави Ројтерс. Генерално собрание на ОН гласаше за […]

Американската влада нема да ја намали испораката на оружје за Израел

13 ноември 2024

Американската влада нема да ја намали испораката на оружје за Израел, соопшти Стејт департментот. САД велат дека Израел не ги прекршува американските закони за блокирање на испораките на помош по 30-дневниот рок што го зададоа, со цел Израел да го засили пристапот до хуманитарната помош во Газа, пишува Би-би-си. Официјални лица во вторникот рекоа дека […]

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

12 октомври 2024

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во јужниот град Накуора бил повреден  за време на „воени активности во близина“, јавува Би-би-си.  „Тој беше опериран во болница во Накура за да биде отстранет […]

Не е точно дека Пактот за иднината значи „целосно предавање на суверенитетот“

27 септември 2024

Пактот е значајна декларација која ветува акција за подобар свет за утрешните генерации. Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, и понатаму државите ќе имаат свои суверени влади, коишто и понатаму ќе одлучуваат за внатрешната и надворешната политика, меѓутоа има некои заеднички светски цели околу кои е потребна заедничка соработка за да се остварат, и […]

Работник на ОН во Западен Брег застрелан од израелски снајперист

15 септември 2024

Снајперист од израелската војска убил хуманитарен работник од Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите Нации (УНРВА) во Западниот Брег, пренесува Гардијан. Суфјан Џабер Абед Џавад бил на кровот на својот дом кога бил убиен. Имал жена и пет деца. Ова е прв пат по повеќе од десет години работник од УНРВА да биде убиен во […]

Шест работници на ОН убиени во израелски воздушен напад врз училиште во Газа

12 септември 2024

Осумнаесетмина биле убиени во израелски воздушен напад врз училиште во Газа. Училиштето служело како засолниште за раселени Палестинци. Меѓу убиените има и шест работници на Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите Нации (УНРВА), пренесува Гардијан. „Тоа што се случува во Газа е целосно неприфатливо. Ваквите драматични прекршувања на меѓународното право мора итно да престанат“, изјави […]

ОН: Евакуацијата на Деир ал-Балах сериозно ја попречи работата на хуманитарните работници во Газа

27 август 2024

Обединетите нации (ОН) соопшти дека работата на нивните хуманитарни работници е сериозно попречена поради наредбата за евакуација на градот Деир ал-Балах од страна на израелските сили, пренесува Гардијан. По неколкумесечната окупација на градот Рафах, Деир ал-Балах служеше како центар за здравствените и хуманитарните работници. Израел нареди населението во Деир ал-Балах да се евакуира, за да […]

До 2050 ќе има три милиони луѓе помалку во Западен Балкан – во Македонија 317 илјади помалку

23 август 2024

Обединетите нации (ОН) процениле дека во 2050 година шесте земји од Западен Балкан ќе имаат околу три милиони жители помалку од денес, дека Србија ќе има најголема загуба во апсолутни бројки, а процентуално, Босна и Херцеговина и Албанија предничат, кои до средината на векот ќе загубат повеќе од 20 отсто од своето население. Наместо минатогодишните […]

ОН: Детската болница во Киев најверојатно била погодена од руски проектил

9 јули 2024

Детската болница во Киев најверојатно била погодена од руски проектил, изјави шефицата на набљудувачката мисија на Обединетите нации во Украина, Даниел Бел. Советот за безбедност на Обединетите нации соопшти дека денеска ќе одржи вонредна седница за Украина по ракетниот напад. Одржување на седницата побара украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува АФП. Вчера, 41 лица, вклучително и […]

Страна 1 од 15