Најмалку 78 лица убиени во бомбардирање на камп за бегалци во Газа

Истовремено, Обединетите нации предупредуваат дека Газа е на раб на масовен глад

-

Палестинското министерство за здравство соопшти дека најмалку 78 луѓе биле убиени во синоќешниот напад на израелските сили врз кампот за бегалци Магази во Газа, од кои 12 биле жени и седум биле деца, известува Гардијан.

„И покрај предизвиците што ги поставуваат терористите на Хамас кои дејствуваат во цивилните области во Газа, израелските одбранбени сили се посветени на меѓународното право, вклучително и преземање изводливи чекори за минимизирање на штетата на цивилите“, коментира портпарол на израелските сили.

Од агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци, пак, велат оти досега немало волку високо ниво на глад меѓу палестинското население и дека доколку продолжат нападите и блокадите на Израел какви што биле досега, ќе се случи „масовен глад предизвикан од човечки дела“.

Во градот Џенин на Западниот брег, во раните зори на Бадник се слушале сирени и пукање.

„Како можеме да славиме? Луѓето не се во празнично расположение – изгубивме пријатели и роднини во Газа. Окупацијата на Израел го уништува Џенин, нашите деца брутално се убиваат“, изјавила Назерија Јусеф Деабис, 76-годишна жена која цел живот живее во Забабде, град југоисточно од Џенин.

Истовремено, Египет им понудил на Хамас договор во три фази кој наводно ги вклучува ослободувањето на сите заложници, прекин на непријателствата како и повлекување на израелските сили од Газа.

„Како што стои, договорот изгледа како рецепт кои двете страни со задоволство би го одбиле“, пишува Хаарец, израелски весник.

Исламски џихад, друга паравоена организација од Газа, изјави оти пратиле свој претставник во Каиро. Тие стојат зад ставот кој Хамас го изрази претходната недела, односно дека нема да се ослободат повеќе од заложниците беа заробени за време на напад на Хамас врз Израел на 7 октомври сè додека не се обезбеди целосно примирје.

Израел, пак, се подготвени само за привремено примирје.

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат...