fbpx

Протести пред градското собрание во Белград, полицијата тепаше демонстранти

Од опозициската коалиција „Србија против насилството“ ја обвинија власта дека српскиот претседател Александар Вучиќ испратил специјални единици кои примениле брутална сила против демонстрантите

-

Протести со повредени граѓани и полицајци, искршени прозорци и врати на Градското собрание во Белград и блокирани улици беа синоќешните случувања во центарот на српскиот главен град. Ваквиот епилог на настаните следи по неколкудневните протести што ги организира опозициската коалиција „Србија против насилството“, барајќи да бидат поништени локалните и парламентарните избори од 17 декември поради изборно насилство, пренесува телевизијата Н1.

Жестоки меѓусебни обвинувања разменија синоќа и утрово власта и опозицијата поради протестите. Од опозициската коалиција „Србија против насилството“ ја обвинија власта дека српскиот претседател Александар Вучиќ испратил специјални единици кои примениле брутална сила против демонстрантите.

Полицајците не им дозволиле на градските советници и на пратениците да влезат во Градското собрание, испратиле сопствени хулигани да прават инциденти, за на крајот Вучиќ на граѓаните кои се противат поради украдените избори да им испрати специјална единица која применила брутална сила.

„За тоа сведочат многубројни снимки, како и фактот дека еден од демонстрантите крвнички е претепан и му е скршена нога, шутирајќи го додека лежеше на земја. Нападнат од страна на полицијата е и Радомир Лазовиќ, ко-претседател на Зелено-левиот фронт и тоа по завршување на протестот“, се наведува во соопштението.

Од „Србија против насилството“ го осудуваат насилството кое режимот го применил за да ги растера демонстрантите кои бараат единствено поништување на изборите, а го осудуваат и претставувањето на мирните протести како насилни, соопштија од „Србија против насилството“.

„Посебно го осудуваме апсењето на големиот број протестанти кои не дадоа никаков повод за тоа. На нив ќе им обезбедиме правна заштита“, велат од „Србија против насилството“.

Од опозициската коалиција тврдат дека без оглед на цената нема да отстапат од борбата за поништување на изборите, како и борбата за нормална Србија.

По синоќешните случувања на белградските улици, српскиот претседател Александар Вучиќ одржа седница на Советот за национална безбедност, по која се обрати пред српската јавност информирајќи дека полицијата уапсила 35 “насилници”.

Вучиќ изјави дека протестите биле претходно подготвувани, дека имаат силни докази за ваквото тврдење, додавајќи дека во синоќешните настани двајца полицајци се потешко повредени, пренесува весникот Данас.

Српскиот претседател изјави дека никој нема право да го уништува имотот на граѓаните и да им нанесува тешки телесни повреди на полицајците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...