четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: изборна измама | 15 резултати

Во Белград в петок целодневни блокади на улиците поради изборните измами

27 декември 2023

Движењето „Борба“ за во петок најави 24-часовни блокади на сообраќајот во Белград. Активистите најавија дека целодневниот револт поради изборните измами на српската власт ќе започне во 12 часот, од каде во сабота ќе заминат на големиот протест што го организира иницијативата „ПроГлас“, пренесува весникот Данас.  Студентите и активистите и денеска протестираа во Белград, иако од […]

Не се само од Босна, изборната измама во Белград направена и со гласачи од Црна Гора

27 декември 2023

Тврдењата на високиот функционер на СНС на Александар Вучиќ дека неговата партија доведувала гласачи од Белград за гласање на локалните избори во Никшиќ и Будва во Црна Гора фактички значи дека српскиот претседател поседува критична маса од најмалку 40.000 двојни гласачи, кои можат да влијаат на резултатите од локалните избори во Црна Гора, но и […]

Протести пред градското собрание во Белград, полицијата тепаше демонстранти

25 декември 2023

Протести со повредени граѓани и полицајци, искршени прозорци и врати на Градското собрание во Белград и блокирани улици беа синоќешните случувања во центарот на српскиот главен град. Ваквиот епилог на настаните следи по неколкудневните протести што ги организира опозициската коалиција „Србија против насилството“, барајќи да бидат поништени локалните и парламентарните избори од 17 декември поради […]

Данас: „Српскиот свет“ е чедо на Александар Вучиќ, со последните избори го покажа тоа

22 декември 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ е творец на идиотската синтагма „Српски свет“. Со ваков наслов, белградскиот весник „Данас“ го критикува Вучиќ дека на последните избори со присуството во неговиот изборен штаб, ноќта на 17 декември за време на славењето на победата, биле присутни претседателот на ентитетот Република Српска Милорад Додик, министерот за безбедност на БиХ Ненад […]

Набљудувачката мисија на ЦРТА: “Касапаана” на изборите што се одржаа во Србија

21 декември 2023

Набљудувачката мисија за изборите во Србија на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) во нивниот прелиминарен извештај оценуваат дека на денот на изборите на 17 декември имало драстични злоупотреби на избирачките права, законите и институциите од страна на власта. „Обрнуваме внимание на сериозната загриженост за квалитетот на парламентарните избори и нивното натамошно отстапување од […]

Српската опозиција и денеска во Белград ќе организира протест

19 декември 2023

Опозициската коалиција „Србија против насилството“ денеска ќе организира нов протест пред српскиот парламент и пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), јавува весникот Данас. Претставниците на опозицијата критикуваат дека изборниот процес на изборите во Белград и во Србија бил нелегитимен. „Ќе ги повикуваме луѓето секој ден да се собираат пред зградата во која се наоѓа […]

Штрајк со глад на опозициските лидери, во Белград протест против изборните измами

18 декември 2023

Српските опозициски лидери Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ започнаа штрајк со глад поради изборните измами на власта во Белград. Тие побараа поништување на локалните избори во српскиот главен град, додека илјадници жители на Белград протестираа вечерва пред Републичката изборна комисија, јавува телевизијата Н1. Протестот почна пред Собранието на општина Белград во центарот на градот, а […]

Не е точно дека предвреме заокружени ливчиња за Бајден се броеле во Детроит

25 мај 2023

Нема ништо незаконско или нерегуларно во тоа гласачките кутии да се носат на место за пребројување 8 часа после завршувањето на гласањето. Меѓу овие гласачки ливчиња што се донесени на пребројување, имало не само гласови за Бајден, како што лажно се тврди во постот кој го рецензираме, туку имало гласови и за неговиот тогашен противкандидат […]

Вистиномер: Не е точно дека Бајден изгубил на претседателските избори во САД во 46 држави

23 јуни 2022

Не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава, како што се тврди во постот што го рецензираме. Пребројувања на гласовите од претседателските избори во 2020 година, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, не беа спроведени во 46 држави во САД, туку во неколку држави. Бајден […]

Главната обвинителка на Венецуела поведе истрага за изборна измама

3 август 2017

Главната државна обвинителка на Венецуела, Луиза Ортега, отвори истрага за наводната измама за време на контроверзните избори одржани во неделата. Изборите за уставотворно собрани, според опозицијата, се „проект на претседателот Никола Мадуро“. Ортега, која е жестока критичарка на претседателот Мадуро, повика да се спроведе независна ревизија на изборите. Овој потег доаѓа само неколку часа откако […]

Груевски на „Фејсбук“: СДСМ со тиранската платформа прави изборна измама

26 март 2017

Влада која ќе ја спроведува тиранската платформа направена и оформена во друга држава, не може да биде реформска, туку е антидржавна, а однесувањето на СДСМ е како да нема народ во државата или како тој воопшто да не е важен, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот профил на „Фејсбук“. – Наспроти ова, улиците на […]

Страна 1 од 1