fbpx

Џафери: Спроведовме фер, демократски, европски избори

Премиерот Талат Џафери ги посочи честитките за изборите од европски лидери како доказ за транспарентноста и достојноста на изборниот процес на двојните избори

-

Во прес-конференција на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери за работата на Владата изминатите сто дена под негово раководство, тој се осврна на успешниот изборен процес, кој се истакна како слободен, мирен, фер и демократски.

„Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на двојните, претседателски и парламентарни избори. И оваа приоритетна обврска, доверена согласно Уставот и законите, и јас како премиер, и Владата – доследно ја исполнивме“, изјави Џафери.

Џафери го истакна изборниот процес како клучна европска вредност.

„Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, којашто се стреми да биде членка на Европската Унија. Потврда на моите зборови се и честитките и изразите на почит и од нашите европски партнери“, рече премиерот Џафери.

Тој ѝ порача на следната влада да го следи патот на евроинтеграцијата, кој смета дека е од највисок државен интерес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...