fbpx

Една година од пожарот на мостот „Беласица“ – кривична пријава против 37-годишен скопјанец

Осомничениот И.Х. веќе се наоѓа во затвор од 12 септември 2023 г. (четири месеци по опожарувањето на мостот) каде издржува казна за „тешка кражба“

-

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 37-годишниот скопјанец И.Х. кој е осомничен дека го предизвикал пожарот на мостот „Беласица“ пред точно една година.

Како што соопштија од Одделението за крвни и сексуални деликти при Единицата за насилен криминал на СВР Скопје, И.Х. на 11.05.2023 година предизвикал пожар во т.н. „просторија за компензација на топловод“ под мостот „Беласица“. Пожарот, како што пишува полицијата, „се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ-Снабдување со топлина, при што се предизвикани топлински оштетувања на наведениот топловод, како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.

Поради тоа, полицијата поднела кривична пријава за И.Х. за сторени „тешки дела против општата сигурност“ по член 292, а во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Патем, како што додаваат од полицијата, И.Х. веќе се наоѓа во затвор од 12 септември 2023 г. каде издржува казна за „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Мостот „Беласица“ кај скопската железничка станица гореше токму ноќта помеѓу 11 и 12 мај 2023 година. Пожарникарите неколку часа се обидуваа да ги изгаснат огромните пламени јазици, а самиот мост беше целосно или делумно надвор од употреба речиси цела година.

Пожар под мостот „Беласица“, во тек е увид на настанатата штета [Галерија]

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...