Пожар под мостот „Беласица“, во тек е увид на настанатата штета [Галерија]

Од пожарот биле оштетени дел од цевките за парно греење на „Балкан Енерџи Груп“ и тие испратиле екипа за нивна санација, информираат од ЦУК

-

Синоќа околу полноќ е пријавено дека настанал пожар под мостот на улица Беласица кај Ист Гејт Мол. Пожарникарите неколку часа ги гаселе огромните пламени јазици, а утрово мостот „Беласица“ е затворен за сообраќај на потегот од булеварот Гоце Делчев до улицата Никола Карев.

„Полициски службеници излегле на местото на настанот, а сообраќајот бил пренасочен. Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита и во тек е увид“, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во гаснењето на пожарот учествувале 21 пожарникар со осум противпожарни возила, а била зафатена површина од 2.000 метри квадратни. Пожарот бил изгаснат во 4 часот утрово.

Од ЦУК додаваат дека нема оштетувања на бензинската пумпа „Макпетрол“, а од „Гама“ биле на лице место и утврдиле дека немаат гасоводна мрежа на оваа локација. Од пожарот биле оштетени дел од цевките за парно греење на „Балкан Енерџи Груп“ и тие испратиле екипа за нивна санација, информираат од ЦУК.

Причината за пожарот под мостот „Беласица“ и материјалната штета ќе бидат дополнително утврдени.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...