fbpx

Европската комисија исплати 50 милиони евра финансиска помош за Северна Македонија

Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата

-

Европската Комисија оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата.

Помошта обезбедува дополнителна поддршка за Северна Македонија, чија економија беше сериозно погодена од неодамнешната енергетска криза, што беше предизвикана од целосната инвазија на Русија врз Украина. Оваа помош ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди понатамошни реформи заедно со тековната Програма на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Северна Македонија. Тоа ќе ѝ помогне на Северна Македонија да напредува на нејзиниот европски пат.

Ослободувањето на овие средства доаѓа откако Комисијата утврди дека Северна Македонија ги исполнила релевантните политички обврски договорени со ЕУ за исплата на првата транша. Северна Македонија постигна напредок во областа на јавните финансии со формирање независен Фискален совет и со зајакнување на управувањето со јавните инвестиции. За да ги зголеми јавните приходи, Северна Македонија усвои мерки за даночна политика со кои се проширува даночната основа. Владата исто така направи дополнителен напредок кон формализирање на неформалната економија и презеде мерки за подобрување наенергетската ефикасност. Најпосле, Владата гозајакна судството со нова Стратегија за реформи во правосудството.

Целокупната тековна макрофинансиска помош за Северна Македонија е вредна 100 милиони евра во форма на заеми. По исплатата на оваа прва транша од 50 милиони евра, останува достапна втора транша од истиот износ, во зависност од напредокот на договорените услови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...