fbpx

Се намалуваат цените на бензините и на дизел горивото

Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 83 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 - 85,5 денари, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 73 денари

-

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,50 денари, а малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1 денар, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

„Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,27 отсто“, информира РКЕ.

Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 83 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 85,5 денари, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 73 денари.

И малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,306 денари и ќе изнесува 42,6 денари за килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владимир Путин во посета на Виетнам

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Виетнам, каде ќе се сретне со лидерите на владејачката Комунистичка партија. Со оваа посета, рускиот претседател ја завршува својата кратка тура на официјални...