Бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за половина денар повеќе по литар од ноќеска на полноќ и ќе чини 83 денари. Цените на Еуросупер 98, Еуродизел и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Еуросупер 95 – 83,00 (денари/литар)
- Еуросупер 98 – 85,00 (денари/литар)
- Еуродизел – 76,50 (денари/литар)
- Масло за горење (ЕЛ-1)- 75,00 (денари/литар)
- Мазут – 48,008 (денари/килограм)
Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) покачувањето на малопродажната цена на бензинот Еуросупер 95 е за 0,15 отсто во споредба со минатата недела.
Од РКЕ, поскапувањето го објаснуваат со раст на „референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во просек за 0,868 отсто, кај дизелот за 0,368 отсто, кај екстра-лесното масло за 0,387 отсто и кај мазутот за 0,170 отсто.