fbpx

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас

Меѓународниот кривичен суд ги обвинува лидерите на Израел и Хамас за воени злосторства и злосторства против човештвото

-

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг побара апсење на лидерите на Израел и Хамас, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Исмаил Ханијех, пренесува Би-би-си. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Дополнително, се бара апсење на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и Мохамед Деиф и Јахја Синвар, кои се на високи позиции во армијата на Хамас.

„Иако барањето на г-дин Кан сè уште мора да биде одобрено од судиите од судот, најавата е удар за владата на Нетанјаху и најверојатно ќе поттикне меѓународна критика за стратегијата на Израел во неговата седуммесечна кампања против Хамас и за жртвите од цивилното население на Газа“, пишува „Њујорк тајмс“.

Доколку се издадат потерниците, обвинетите би биле уапсени при обид за влез во некоја од 124 земји-членки на МКС, меѓу кои се повеќето земји на Европа, но не и САД.

Нетанјаху и Галант се обвинети за злосторствата: истребување, предизвикување глад како метод на војна, негирање на хуманитарна помош и намерно таргетирање на цивили. Лидерите на Хамас, пак, се обвинети за злосторствата: истребување, убиство, заробување заложници, силување и мачење.

МКС претходно има издадено потерници за рускиот Владимир Путин, Моамер Гадафи од Либија и други, но нема побарано апсење на лидер на земја со „западен“, односно демократски и неавтократски тип на државно уредување.

МКС веќе подолго време ги испитува воените злосторства од двете страни, почнувајќи од 2021 година. Израел не е член на МКС, но бидејќи злосторствата за кои се обвинети биле сторени на територијата на Палестина, која е член на МКС, одговорните од Израел сепак може да се прогонети од судот.

Израелскиот естаблишмент и голем дел од израелската јавност сметаат дека органите на Обединетите нации (ОН), како МКС и УНРВА, агенцијата за хуманитарна помош во Палестина, се пристрасни против Израел.

Против Израел исто така се води случај за геноцид во Меѓународниот суд на правдата на ОН, во постапка покрената од Јужна Африка.

Досега ни Израел ни Хамас не ја коментираа одлуката на главниот обвинител на МКС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Земјотрес синоќа почувствуван во Штип

Земјотрес чиј епицентар бил припаѓа на епицентралното подрачје Штип – Радовиш, вчеравечер бил регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот се случил во...