Горивата поевтинуваат за денар и половина

Со новата одлука на РКЕ, литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 74 денари

-

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензините и дизел горивото поевтинуваат за 1,5 денари. Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,5 денари, а литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 74 денари.

„Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,87 отсто“, се вели во соопштението на РКЕ.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1 денар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа, малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,1 денар и изнесува 45,7 денари за килограм.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...