fbpx

Не се само од Босна, изборната измама во Белград направена и со гласачи од Црна Гора

Проценките на црногорскиот Центар за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) се дека двојни гласачи само во Србија има помеѓу 50.000 и 80.000 гласачи

-

Тврдењата на високиот функционер на СНС на Александар Вучиќ дека неговата партија доведувала гласачи од Белград за гласање на локалните избори во Никшиќ и Будва во Црна Гора фактички значи дека српскиот претседател поседува критична маса од најмалку 40.000 двојни гласачи, кои можат да влијаат на резултатите од локалните избори во Црна Гора, но и во Белград, каде опозицијата ги оспорува резултатите од изборите, пишува црногорскиот весник Побједа.

Весникот пишува дека дури по изборите што се организираа во Србија на 17 декември станува јасен молкот на српското Министерство за внатрешни работи на повеќето прашања што ги испрати црногорската полиција за двојните гласачи, бидејќи тие луѓе очигледно се користат за изборен инженеринг и во Црна Гора и во Србија.

Високиот функционер на СНС, Владимир Ѓукановиќ потврди дека дека неговата партија организирало доведувала гласачи од Белград на локалните избори во Црна Гора. Тој гостувајќи на Танјуг потврдно одговори на прашањето дали тие доведувале избирачи на локалните избори во Црна Гора, но и во босанскиот ентитет Република Српска.

„Се разбира дека доведувавме луѓе во Никшиќ и…во Република Српска, за секој оној што има право да гласа“, изјави Ѓукановиќ прашан за тоа дали тоа бил методот што го истренирале во Црна Гора, а потоа го примениле и на изборите во Белград.

Проценките на црногорскиот Центар за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) се дека двојни гласачи само во Србија има помеѓу 50.000 и 80.000 гласачи. Оваа организација прва го откри постоењето на двојните гласачи на локалните избори што се одржаа во Црна Гора пред две години во Херцег Нови и Никшиќ.

Црногорскиот весник Побједа пишува дека Министерството за внатрешни работи на оваа земја располага со конкретни докази за постоење на најмалку 3.500 двојно запишани гласачи, но колегите од Србија не одговориле позитивно на барањата за проверка на тие лица.

Идентично како и Србија, Босна и Херцеговина повикувајќи се на заштитата на личните податоци, одбиле да соработуваат со Црна Гора кога е во прашање овој проблем, повикувајќи се на упатство од Агенцијата за заштита на личните податоци.

Претседателот на Граѓанскиот демократски форум, Зоран Вулетиќ ги потврдува информациите на весникот Побједа дека двојните гласачи од Црна Гора и ентитетот Република Српска влијаеле на локалните избори во Белград и се согласува со тезата дека токму тие преку изборен туризам и инжинеринг ги местат изборите во регионот.

„Додека преовладува ваквата политика во Србија нема да можеме едноставно да се избориме: и покрај тоа што им е на сите јасно што се случило, и понатамо не им пречи што прави власта на Вучиќ во регионот: Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Политиката на Вучиќ не им пречи на дел од политичарите во регионот – тие го поддржуваат: она што го именуваа како „река на слободата“ во Црна Гора, таа река сега се изли овде во Србија“, вели Зоран Вулетиќ.

Тој е песимист дека наскоро ќе се дојде до поинакви изборни услови во Србија, додавајќи дека според пописот од 2022 година, Србија има 6.064.449 жители, додека на последните избори бројот на впишани граѓани во избирачкиот список бил 6.500.165.

Српската опозиција Нова година ќе ја помине на улица

Иницијативата „ПроГлас“ во Белград одржа прес-конференција, на која посочи дека бараат целосно повторување на одржаните избори во Србија и најавија голем протест што ќе се одржи на 30 декември во српскиот главен град, пренесува Н1.

Познатата актерка Светлана Бојковиќ ја прочита изјавата, со која оваа иницијатива бара повторување на парламентарните, локалните и покраинските избори и повика на мирен протест што ќе се одржи во сабота.

„Бараме новите парламентарни, покраински и локални избори во цела Србија да се одржат во рок од шест месеци по процесот на темелни промени на изборните услови“, изјави актерката Бојковиќ.

Од „ПроГлас“ велат дека рекордниот број на контролори на изборите помогнал во соработка со домашните и странските набљудувачи да се собере голем број на докази за драстичните нерегуларности и изборниот инженеринг што се случи во Србија на 17 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...