четврток, 11 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: БИХ | 98 резултати

Додик се заканува со расцеп на Српска, САД му пратија воени авиони

9 јануари 2024

Два американски воени авиони Ф-16 вчера прелетаа над небото на Босна и Херцеговина, на ден пред прославата на босанскиот ентитет Република Српска на 9 јануари како датум на нејзиното основање во 1992 година. Двата американски авиони на воздухопловството на САД вчера ја изведоа билатералната копнено-воздушна вежба заедно со вооружените сили на БиХ на подрачјето на […]

Додик на 9 јануари ќе слави ден на Република Српска, регионот пред дестабилизација

7 јануари 2024

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик на 9 јануари планира да организира прослава на, како што вели, денот на основање на Република Српска. Протести во Сараево, честитки од просрпски и проруски политичари од регионот и најави за нов распламтувачки говор на Додик се досегашните очекувања од настанот што задутре ќе се одржи во […]

Не се само од Босна, изборната измама во Белград направена и со гласачи од Црна Гора

27 декември 2023

Тврдењата на високиот функционер на СНС на Александар Вучиќ дека неговата партија доведувала гласачи од Белград за гласање на локалните избори во Никшиќ и Будва во Црна Гора фактички значи дека српскиот претседател поседува критична маса од најмалку 40.000 двојни гласачи, кои можат да влијаат на резултатите од локалните избори во Црна Гора, но и […]

Данас: „Српскиот свет“ е чедо на Александар Вучиќ, со последните избори го покажа тоа

22 декември 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ е творец на идиотската синтагма „Српски свет“. Со ваков наслов, белградскиот весник „Данас“ го критикува Вучиќ дека на последните избори со присуството во неговиот изборен штаб, ноќта на 17 декември за време на славењето на победата, биле присутни претседателот на ентитетот Република Српска Милорад Додик, министерот за безбедност на БиХ Ненад […]

Се истражуваат тврдењата на босанскиот министер за одбрана дека има руски воени кампови во БиХ

25 ноември 2023

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез во четврток изјави дека постојат руски воени кампови во подрачјето на градот Рогатица во источниот дел на државата, односно во Република Српска. Радио слбодна Европа (РСЕ) известуваат дека Хелез ќе треба да даде изјава и да приложи докази за Обвинителството на БиХ, кои ја истражуваат точноста […]

Столтенберг: Загрижени сме поради реториката на поделби и руско влијание во Босна

20 ноември 2023

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по состанокот со босанската власт во Сараево изјави дека е загрижен поради руското влијание и реториката на поделба во Босна и Херцеговина, јавува весникот Ослобоѓење. „Загрижени сме поради сецесионистичката и реториката на поделба, како надворешното влијание, особено на Русија. Тоа се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги […]

Фон дер Лајен од Сараево: Иднината на БиХ е во ЕУ како единствена, обединета и суверена земја

1 ноември 2023

Иднината на Босна и Херцеговина (БиХ) е во ЕУ, гласи пораката што од Сараево ја упати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која денеска е во посета на земјата. Фон дер Лајен се сретна со претседавачот на Советот на министри Борјана Кришто, а по средбата одржаа прес-конференција за медиумите, јавува klix.ba. „Мојата прва […]

Во БиХ убиена жена во пекарница, убиецот потоа се самоубил

25 септември 2023

Во босанското гратче Завидовиќи, западно од Тузла, вчеравечер 46-годишен маж во пекарница убил 33-годишна вработена, јави босанскиот весник „Аваз“ на својот вебсајт. Полициската станица Завидовиќи добила дојава во 21:17 часот вчера дека се пукало во пекарницата „Централ“. При увидот, што траел повеќе од четири часа, во пекарницата биле пронајдени телата на 33-годишната вработена Аида Дендиќ […]

Човекот што дојде по бебето по масовното убиство во БиХ добива закани

12 август 2023

Емир Џиновиќ, младиот сопственик на теретана во босанското гратче Градачац, за кого работел убиецот Нермин Сулејмановиќ (35), по објавата на Инстаграм дошол на местото на злосторот и го зел бебето на Невзета Хеќимовиќ, невенчаната сопруга на убиецот. Сега спасителот на бебето добива закани по живот, пишува босанскиот весник „Ослобоѓење“. Џиновиќ нема објаснување зошто дошло до […]

Режимот на Додик под санкции и од Германија – прекината реализацијата на четири проекти

10 август 2023

Германската амбасада во Босна и Херцеговина соопшти дека оваа земја ја прекинува реализацијата на четири проекти во Република Српска во вредност од 105 милиони евра. Опозицијата предупреди дека режимот на Милорад Додик ја носи Република Српска кон економски санкции, пишува белградскиот весник Данас. Претседателот на опозициската Партија за демократски напредок, Бранислав Бореновиќ предупреди дека властите […]

Хрватското разузнавање: Концептот „Српски свет“ го загрозува суверенитетот на земјите од регионот

15 мај 2023

Србија продолжила во 2022 година да го шири концептот „Српски свет“ во земјите од регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, се наведува во годишниот извештај на Агенцијата за државна безбедност и разузнавање на Хрватска за 2022 година. Главната цел на овој концепт е ширењето на српското политичко, економско, културно-религиозно и друго влијание во соседните земји, […]

Додик повторно повикува на растурање на БиХ, се обиде да ги злоупотреби Хрватите

11 април 2023

Претседателот на Република Српска (РС) и на партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик повторно се закани со отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, а притоа ги повика и хрватските претставници да ги напуштат централните институции. Сепак, нивната поддршка Додик нема да ја добие, пишува сараевскиот весник „Ослобоѓење“. Иако во Федерацијата БиХ […]

Додик ќе штити семејни вредности со забрана за влез на ЛГБТИ-лица во школите

24 март 2023

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави нов дискриминаторски закон, со кој планира во овој дел од Босна и Херцеговина да им забрани на припадниците на ЛГБТИ заедницата влез во училишта, градинки и други образовни институции, пренесува босанскиот весник Ослобоѓење. Ваквата изјава тој ја даде за локалната телевизија „К3“, при што спомена дека во наредните […]

Република Српска: Претседател на избирачки одбор на телевизија призна дека крадел гласови

4 октомври 2022

Скандалозно пребројување на гласови на изборите во Република Српска е откриено само неколку часа по објавувањето на првичните изборни резултати од Централната изборна комисија, пренесува весникот Данас. Босанската телевизија БН била во посета на селото Крајишник, родното место на мајката на опозициската кандидатка за претседател на Република Српска, Јелена Тривиќ. Во ова населено место Тривиќ […]

Избори во БиХ: И Додик и Тривиќ тврдат дека водат во Република Српска, Изетбеговиќ призна пораз во Федерацијата

3 октомври 2022

И Милорад Додик и неговата опозициска опонентка Јелена Тривиќ тврдат дека водат на вчерашното гласање за избор на нов претседател на Република Српска. Тривиќ уште синоќа ја објави победата на изборите, а на улиците во Бања Лука нејзините приврзаници славеа. Конечните резултати од претседателските избори во Република Српска ќе бидат соопштени денеска од страна на […]

Македонци, Црногорци, Срби, Босанци и Хрвати ќе лансираат сателит во вселената

23 август 2022

Пет партнерски организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Хрватска до крајот на годината планираат да го лансираат првиот заеднички сателит од овој регион испратен во вселената, пишува босанскиот јавен радиодифузен сервис БХ Тв. Сето ова е благодарение на основањето на Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа, а планирано е Индија да ѝ […]

По САД, и Британија денеска воведе санкции против Милорад Додик

11 април 2022

Британија денеска објави дека ги санкционирала членот на Претседателството на Босна и Херцеговина од Република Српска (РС) Милорад Додик и претседателката на тој ентитет Жељкa Цвијановиќ, поради обидите да го нарушат легитимитетот и функционалноста на државата БиХ, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик. Британските санкции вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотот на […]

Сараево одбележа 30 години од почетокот на опсадата во која животот го загубија 11.541 лице [галерија]

6 април 2022

Босанскиот главен град вчера одбележа 30 години од најмрачниот момент во својата историја – почетокот на српската опсада на Сараево на 5 април 1992 година. Опколувањето на градот и постојаното гранатирање од страна на српските сили траеше 1.425 дена до 29 февруари 1996 година, а во текот на опсадата животот го загубија 11.541 жител на […]

Реакции по заканата од амбасадорот на Русија за приближувањето на БиХ кон НАТО

18 март 2022

По изјавата на рускиот амбасадор во БиХ, Игор Калабухов, дека Русија ќе реагира во случај на прием на БиХ во НАТО, спомнувајќи ја во контекстот и Украина, уследија остри реакции од САД и од Велика Британија „Последните закани на рускиот амбасадор кон Босна и Херцеговина се опасни, неодговорни и неприфатливи. Ниту една трета страна нема […]

Порталб: Дезинформација е дека Босна и Херцеговина прогласи „победа“ над пандемијата

17 јануари 2022

Написот во “Пулс7Њуз” ја дезинформира јавноста дека Босна и Херцеговина е првата земја што прогласи победа над пандемијата со Ковид-19, што е невистинa. Напротив, во последните денови во Босна и Херцеговина состојбата со пандемијата е доста влошена. Доктор Марио Јованоски вели дека сепак постои оптимизам дека на оваа пандемија ќе ѝ дојде крајот во тек […]

Страна 1 од 5