вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: БИХ | 98 резултати

Почна маршот од Сараево до Сребреница

3 јули 2015

Седумдесет учесниците на Маршот на мирот „Сараево-Низук-Сребреница“ утринава тргнале од Сараево на осумдневен пат, долг повеќе од 240 километри, во спомен на неколку илјади жители на Сребреница што во јули 1995 година минаа речиси 100 километри за да пронајдат спас во Тузла. За време на маршот, кој се одржува четврта година по ред, секодјневно ќе се […]

Папата Франциск: БИХ има особено значење за Европа и за светот

6 јуни 2015

Сараево, баш како и Босна и Херцеговина, има особено значење за Европа и за целиот свет, изјави денеска папата Франциск по состанокот со членовите на Претседателството на БИХ. Папата денеска пристигна во еднодневна посета на Босна и Херцеговина, а државниот врв го пречека лидерот на Римокатоличката цркав со највисоки воени почести. Папата Франциск рече дека со […]

Советот на ЕУ ја одблокира спогодбата за стабилизација со БИХ

21 април 2015

Советот на Европска унија ја одблокира Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Босна и Херцеговина. Активацијата на спогодбата значи деблокирање на европскиот пат за БИХ, што ќе зависи од напредокот во спроведувањето на реформите во наредните месеци, порачуваат од ЕУ. Како приоритет се издвојуваат реформите во здравството, образованието и реформите во социјалниот сектор, воспоставување функционална пазарна […]

Пожар во босанското МНР

16 март 2015

Пожар изутринава изби во просториите на Министерството за надворешни работи на БИХ. Како што јавуваат босанските медиуми, нема повредени бидејќи пожарот избил пред почетокот на работното време на министерството. Според првичните информации, пожарот го предизвикал апарат за вода, а огнената стихија целосно уништила една канцеларија на министерството.

Четворица загинати во земјотрес во БИХ

22 февруари 2015

Умерено силен земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, синоќа го погодил Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина, соопштил Сеизмолошкиот институт во Бања Лука. Во земјотресот има настрадани. Како што јавува „Дневни аваз“, поради лизгање на земјиштето животот го загубиле четири лица. Според првичните информации, тие нелегално ископувале јаглен на самата површина на […]

БИХ: Уапсени шест лица осомничени за радикален исламизам

18 февруари 2015

Шест лица се уапсени во Босна и Херцеговина под сомнеж дека се подготвувале да ѝ се придружат на терористичката организација Исламска држава и да учествуваат во војните што се водат на подрачјето на Сирија, потврди денеска обвинителството на БИХ. Во акцијата, која ја спроведоа припадници на Државната агенција за истрага и заштита, апсењата се спроведени на […]

Падот на „кингерот“ не е диверзија, туку системски пропуст

24 декември 2014

Пред падот на авионот во кој загина македонскиот претседател Борис Трајковски немало експлозија, ниту пожар, а нема ниту траги кои би упатувале на диверзија или на терористички акт, е ставот на истражната комисија, наведен во извештајот, кој вчера бил предаден на обвинителството на Босна и Херцеговина и на министерството за сообраќај и комуникации на БИХ, […]

БИХ: Три лица уапсени за воени злосторства

18 декември 2014

Три лица се уапсени во БИХ под сомневање дека извршиле воени злосторства во текот на 1992 година. Како што соопшти државната агенција за истрага и заштита (СИПА), на подрачјето на Власинце уапсен е П.М. (роден 1968), поради сомневање дека извршил воено злосторство врз цивилното население во местото Цапарде, во општина Осмаци, во текот на 1992 година. […]

Уапсени 15 лица за масакрот во Штрпце

5 декември 2014

Полициските органи во Србија и во Босна и Херцеговина уапсија 15 лица кои се осомничени дека извршиле воени злосторства во Штрпце. Апсењето е спроведено на барање на обвинителите од двете земји, кои заедно работат на расветлување на масакрот од 1993 година, при кој од воз беа киднапирани и убиени 19 лица. Како што соопштуваат западните […]

Русија се сомнева дека ЕУ извезува преку БиХ

25 ноември 2014

Русија го истражува обидот за шверцување европско овошје и зеленчук преку Босна и Херцеговина со цел да го избегне ембаргото на Москва за увоз на храна од Европската унија, пренесува „Б92“, повикувајќи се новинската агенција „Франс прес“. Според документите на „Франс прес“, БиХ, на која не се однесува ембаргото, бележи цут на извозот на храна […]

БИХ: Покренати три обвиненија за геноцид

20 ноември 2014

Обвинителството на Босна и Херцеговина подигна обвинение против три лица кои се товарат за геноцид. Станува збор за обвинети кои за време на геноцидот во Сребреница, вршеле високи должности во полициските структури, соопшти портпаролот на обвинителството на БИХ, Борис Грубешиќ, притоа наведувајќи дека во текот на денот ќе се соопштат повеќе информации. Геноцидот во Сребреница се […]

Договорена коалиција за федерална власт во Босна и Херцеговина

18 ноември 2014

Партијата на демократска акција, Демократски фронт и ХДЗ во БИХ вечерва треба да го потпишат договорот за формирање власт на федерално ниво, кој не е во спротивност со оној договор што веќе е потпишан меѓу  СДА, ДФ и Сојузот за промени на државно ниво. Договорот за идно дејствување на оваа коалиција е дефиниран во десет […]

Битолската поп-дива Билјана Дамјановска стана почесен конзул на БИХ

4 ноември 2014

Битолската дива Билјана Дамјановска-Јанчевска е именувана за почесен конзул на Босна и Херцеговина во Република Македонија. Додека конзулатите на Велика Британија, Словенија и Хрватска отидоа под клуч, Босна и Херцеговина, на изненадување на поголем дел од јавноста, отвори свое претставништво на Широк сокак. Целта на новоотвореното конзуларно преставништо е продлабочување на економската и на културната […]

Поради неквалитет БИХ годишно губи 200 милиони КМ

3 ноември 2014

Босна и Херцеговина годишно губи околу 200 милиони КМ бидејќи не воспоставува соодветен систем на инфраструктура за квалитетот според европските стандарди, за да може да пласира месо, млеко и млечни производи, јајца и мед, на пазарите во ЕУ, изјави директорот на Институтот за едукација на Надворешнотрговската комора на БИХ, Дуљко Хасиќ. – БИХ и по 15 […]

Страна 5 од 5