недела, 18 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: БИХ | 98 резултати

Регионот против дезинформациите: НАТО не е непријател

19 ноември 2019

Босанско-херцеговскиот сервис за проверка на факти и борба против дезинформациите и лажните вести „Раскринкавање“ во својот најнов текст пишува за дезинформации проширени во повеќе медиуми, а кои произлегле од „Независне новине“ за наводни присилувања на секс, кражби, продажба на дрога во Прифатниот центар за мигранти и бегалци во Бихаќ, БиХ. Новинарот од „Раскринкавање“ се обидел […]

Биљана Ливанчиќ – Милиќ: Во БиХ успех постигнуваат ловците на кликови и политичките дезинформации

19 ноември 2019

Биљана Ливанчиќ – Милиќ е во новинарството од 2004 година, а од март минатата година работи за raskrinkavanje.ba, една од најактивните балкански платформи за проверка на факти и разоткривање на медиумските манипулации. При нејзината посета на Скопје минатата седмица, разговаравме за најчестите проблеми во Босна и Херцеговина (БиХ) на планот на лажните вести. За Северна […]

Како „Курир“, „БХДИјаспора“ и Русинот Черниговски го излекуваа ракот со постење од вистината

24 септември 2019

Со само една статија објавена завчера на еден сајт од Северна Македонија, беа прекршени неколку правила на новинарската професија, но истовремено и се потврди дека во дигиталното доба е многу лесно да се прошират дезинформации, иако во исто време на располагање се сите алатки за да се провери дали нешто што се објавува е вистина […]

Тијана Цвјетичанин: Дезинформациите не се случајни, туку се поддршка на одреден политички наратив

15 август 2019

Тијана Цвјетичанин е дел од тимот на босанските сервиси за проверка на факти „Раскринкавање“ и „Истиномјер“, како и истражувач. Таа работи на оценување на изјавите и предизборните ветувања на политичарите, како и на медиумските содржини. Во интервју за „Мета.мк“ објаснува каква е состојбата со дезинформирањето во Босна и Херцеговина, како и какви мерки треба да […]

Асја Методиева: Западен Балкан пати од слаби медиумски системи и недостиг на транспарентност

31 јули 2019

Г-а Асја Методиева е докторанд на Централноевропскиот Универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта, а ги истражува радикалните движења, со фокус на регрутирањето на странски борци. Нејзиниот труд “Russian Narrative Proxies in the Western Balkans” (Преносителите на рускиот наратив во Западен Балкан), којшто неодамна беше објавен од Германскиот Маршалов фонд на САД, го истражува растежот на антизападните/проруските наративи […]

Срѓан Пухало: Во Република Српска дезинформациите доаѓаат преку јавните сервиси

11 јули 2019

Срѓан Пухало е доктор на психолошки науки во чие поле на интерес се политичката и социјалната психологија и истражувањата на јавното мислење. Тој е граѓански активнист, критичар на тековните состојби во Босна и Херцеговина и особено во Република Српска и редовен колумнист/блогер на порталот „Фронтал.ба“. „Мета.мк“ со Пухало разговараше за дезинформациите и за злоупотребата на […]

Во БиХ се бараат рудари од Македонија за плата од 900 евра

24 јуни 2019

Рајко Дукиќ, претседателот на компанијата „Боксит“ од Милиќи во Република Српска преку амбасадите на Северна Македонија и Кина упатил допис со кој известува дека итно се потребни за 30 рудари за потребите на компанијата, која освен со ископ на боксит, се занимава и со друго производство и со трговија. Тој вели дека условите се одлични, […]

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор, жалбата му беше неуспешна

20 март 2019

Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска на доживотен затвор го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, потврдувајќи ја првостепената пресуда. Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето. Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото […]

Живаљевиќ и неговиот шеф се скрасија во БИХ, во Сараево стравуваат од нивни „27 април“

10 декември 2018

Горан Живаљевиќ, српскиот разузнавач што се фотографираше во Собранието при бруталното насилство на 27 април 2017 година, од почетокот на ноември годинава е во Сараево, во амбасадата на Србија. Таму првата позиција – амбасадор – од мај годинава ја извршува неговиот шеф, поранешниот директор на српската безбедносна и разузнавачка агенција – БИА, Александар Ѓорѓевиќ, известува […]

Од утре и во БиХ само со лична карта

30 ноември 2018

На сила утре ќе стапи Договорот меѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Република Македонија за условите за патување на државјаните од двете земји, со кој се овозможува државјаните на БиХ и на Македонија да влегуваат во другата земја само со лична карта. Со оваа новост, македонските државјани сега само со лична карта […]

Полициите на Албанија и Црна Гора потврдија дека Груевски ги минал нивните граници

16 ноември 2018

Полициите и на Албанија и на Црна Гора вчеравечер се огласија со соопштенија по бројните написи во медиумите дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски за Будимпешта заминал преку двете земји. Двете земји потврдија дека во неделата Груевски ги напуштил земјите. Со оглед на фактот дека од Подгорица и од Тиват тој ден немало летови за […]

Двајца полицајци убиени на должност во Сараево

26 октомври 2018

Двајца полицајци биле изрешетани рано утрово во Сараево, додека се обидувале да спречат кражба на автомобил. Според Адем Зољ, премиер на Сараевскиот кантон, кога полицајците при патрола пристигнале на паркинг во населбата Алипашино Поље околу 4.50 часот и забележале обид за кражба на „голф 6“, крадците веднаш почнале да пукаат на нив со автоматско оружје. […]

Двајца загинати во железничка несреќа во БиХ

23 август 2018

Две лица загинаа, а едно е потешко повредено при судир на два товарни воза во Долна Јабланица во Босна и Херцеговина. Несреќата се случила вчера во 23.10 часот во близина на железничката станица, откако едната локомотива поминала на црвено и директно се судрила со другата. Загинатите се железнички работници од Сараево. Eден нивни колега успеал […]

Во БиХ наскоро ќе се патува само со лична карта

28 декември 2017

Советот на министри на Босна и Херцеговина на денешната седница го утврдил текстот на предлог-договорот со Владата на Македонија за условите при патувањето на државјаните од двете земји, со што би се проширила економската соработка во областа на туризмот и на културата, пренесуваат медиумите во БиХ. Во соопштението од владината седница се наведува дека на […]

Големо невреме во БиХ, урнати дрвја и бандери, летале покриви и фасади

12 декември 2017

Во налетот на силните ветришта што ноќеска ја погодија БиХ, претежно нејзиниот источен дел, нанесени се бројни штети, со многу урнати дрвја и бандери и одлетани покриви и парчиња од фасади. Според Хидрометеоролошкиот завод на Република Српска, во текот на ноќта ветерот во Бања Лука дувал со брзина од 115 километри на час, а претпладнево […]

Почина Слободан Праљак откако испи отров во судницата во Хаг

29 ноември 2017

Слободан Праљак, генерал на војската на босанските Хрвати во војната во БИХ во 1990-тите, почина неколку часа откако во судницата на Меѓународниот трибунал испи отров од шишенце, јавија хрватските медиуми. Праљак е познат како командантот осомничен за уривањето на стариот мост над Неретва во Мостар, кој сега е обновен. При изрекувањето на пресудата, 72-годишниот Праљак, […]

Пронајдена масовна гробница во БИХ

23 ноември 2017

На подрачјето на Власинце во БИХ, на локалитетот Јеловачка чешма, откриена е масовна гробница. Портпаролката на Институтот за исчезнати лица во БИХ, Лејла Ченгиќ, рече дека досега се воочени пет жртви, а станува збор за комплетни посмртни остатоци. Во текот на вчерашниот ден, ексхумирани се некомплетни посмртни остатоци на една жртва. Ченгиќ истакна дека станува […]

Ќе има и заедничка седница на владите на Македонија и на Босна и Херцеговина

22 ноември 2017

Премиерот Зоран Заев и босанската амбасадорка Лепа Бабиќ денеска ги потврдија заложбите на Македонија и на Босна и Херцеговина за унапредување на меѓусебната соработка и за заеднички напредок во евроинтегративните процеси. Како што соопштуваат од владината прес-служба, двајцата соговорници констатирале дека е од голема важност, земјите од целиот регион да добијат позитивни препораки во настојувањата […]

БИХ немаат намера да го признаат Косово

29 септември 2017

БИХ нема да ја признаат независноста на Косово ниту, пак, ќе го разгледуваат ова прашање до крајот на мандатот на актуелниот Совет на министри, односно владата, порача денеска босанскиот министер за надворешни работи, Игор Црнадак, откако косовскиот премиер Рамуш Харадинај повика БИХ да го признаат Косово. Причината е несогласувањето на Република Српска, која е еден […]

Немало прислушување политичари и бизнисмени во Хрватска, вели министер од БИХ

26 септември 2017

Директорот на Безбедносно-разузнавачката агенција на Хрватска, Даниел Маркиќ, денеска се сретнал со својот колега од БИХ, Осман Мехмедагиќ, откако хрватските медиуми објавија дека Разузнавачко-безбедносната агенција на БИХ (ОСА) прислушувала хрватски бизнисмени и политичари од Хрватска и од БИХ. По средбата, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ, рече оти челниците на разузнавачките агенции […]

Страна 3 од 5