fbpx

Русија се сомнева дека ЕУ извезува преку БиХ

-

Русија го истражува обидот за шверцување европско овошје и зеленчук преку Босна и Херцеговина со цел да го избегне ембаргото на Москва за увоз на храна од Европската унија, пренесува „Б92“, повикувајќи се новинската агенција „Франс прес“.

Според документите на „Франс прес“, БиХ, на која не се однесува ембаргото, бележи цут на извозот на храна во август, кога стапија на сила руските санкции за ЕУ.

Руската Федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола тврди дека земјоделскиот извоз од БиХ во Русија годинава е тројно зголемен во споредба со 2013 година, што се наведува во документот од Министерството за надворешни работи на БиХ, во чија копија „Франс прес“ имала увид.

Во август и септември, извозот на овошје и зеленчук од БиХ во Русија бил тежок 3.123 тони, додека во истиот период минатата година тој изнесувал 1.014 тони.

Москва сега бара податоци за обемот на производство на овошје и зеленчук во БиХ во 2014 година. Под сомнеж е и извозот на компир од БиХ, имајќи предвид дека тој производ минатата година не се извезувал во Русија, а од почетокот на 2014 година се извезени 94 тона.

Руските претставници се сомневаат дека станува збор за реизвоз, односно дека одредена количина на овошје и зеленчук е увезена во БиХ, а потоа извезена на рускиот пазар, соопшти министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ Борис Туциќ.

Руското ембарго за увоз на храна во период од година дена се однесува на месо, овошје, зеленчук риба и млечни производи од АВстралија, Канада, ЕУ; Норвешка и САД, а е воведено како контра мерка на санкциите кои ЕУ го воведе кон Русија поради украинската криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...