fbpx

Додик ќе штити семејни вредности со забрана за влез на ЛГБТИ-лица во школите

Новинарот Слободан Попадиќ на Твитер праша дали ваквиот закон може да го доведе Додик во незгодна ситуација да дојде во судир со српските власти, односно со премиерката Ана Брнабиќ

-

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави нов дискриминаторски закон, со кој планира во овој дел од Босна и Херцеговина да им забрани на припадниците на ЛГБТИ заедницата влез во училишта, градинки и други образовни институции, пренесува босанскиот весник Ослобоѓење.

Ваквата изјава тој ја даде за локалната телевизија „К3“, при што спомена дека во наредните месеци во Република Српска ќе се донесе ваквиот закон, за активистите „да не можело да вршат пропаганда“.

Воведувањето на ваков закон Додик го оправдува со тоа дека властите во Република Српска имале институционална одговорност „да ги сочуваат традиционалните и семејните вредности“.

Првите реакции на најновата “идеја” на Милорад Додик се различни. Новинарот Слободан Попадиќ на Твитер праша дали ваквиот закон може да го доведе Додик во незгодна ситуација да дојде во судир со српските власти.

„Значи, на Ана Брнабиќ ќе ѝ биде забрането да пријде до школите во Република Српска“, праша новинарот Попадиќ.

Босанската телевизија Н1 ги пренесува реакциите на невладините организации по изјавата на Додик.

Дражен Црномат од организацијата БАСОЦ изјави дека не се чувствува сигурно веќе 30 години и дека политичарите кои носат вакви закони се целосно неодговорни.

„Никој нема пристап за индоктринација, затоа што Министерството строго надгледува. Без закон или со него, тие нема да пуштат било што кое не е дијалошка позиција“, изјави Црномат.

Пред дадената изјава на Додик, на просториите на организацијата БАСОЦ завчера биле искршени прозорците и било украдено знаме. Станува збор само за еден од низата напади врз граѓанскиот сектор во Бања Лука во изминатиов период, пишува Н1. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...