fbpx

Избори во БиХ: И Додик и Тривиќ тврдат дека водат во Република Српска, Изетбеговиќ призна пораз во Федерацијата

-

И Милорад Додик и неговата опозициска опонентка Јелена Тривиќ тврдат дека водат на вчерашното гласање за избор на нов претседател на Република Српска. Тривиќ уште синоќа ја објави победата на изборите, а на улиците во Бања Лука нејзините приврзаници славеа. Конечните резултати од претседателските избори во Република Српска ќе бидат соопштени денеска од страна на Централната изборна комисија.

Опозициската кандидатка Јелена Тривиќ, врз основа на 72,3 отсто од преброените гласови од нејзиниот штаб, прогласи победа, информирајќи дека освоила 263.560 гласови или 51,2 отсто, додека Милорад Додик освоил 225.265 гласови или 48,7 отсто. Од нејзината партија ПДП појаснуваат дека ваквата разлика во гласови е недостижна за Додик, пренесува весникот Данас.

Од партијата СНСД на Милорад Додик, која што две децении владее во Република Српска, изјавија дека нивниот кандидат води на изборите со 134.000 гласови наспроти Јелена Тривиќ која што освоила 110.000 гласови. Додик даде изјава синоќа дека тој води според освоените гласови, но и дека нема да прогласи победа додека не се пребројат сите гласови.

Доколку конечните резултати се покажат како точни, вчерашните избори ќе значат крај на политичкото раководење со Република Српска од Милорад Додик. Сепак, неговата партија веќе е извесно дека ќе го има новиот член на трочленото Претседателство на БиХ. Од неговата партија информираа дека Жељка Цвијановиќ освоила 95.000 гласови повеќе во однос на второпласираниот кандидат, пренесува сараевскиот весник Ослобоџење.

Изненадување на вчерашните избори приреди и Денис Беќировиќ, чија што поддршка од 10 опозициски партии овозможи да освои 56 отсто од вкупниот број на гласови и да биде избран за бошњачки член на Претседателството на БиХ. Бакир Изетбеговиќ го призна поразот, кој на изборите освои 38,59 отсто од гласовите на избирачите, пишува белградскиот весник Политика. Сепак, неговата партија СДА освои најголем број на гласови при изборот на нови пратеници во Парламентот на БиХ.

Жељко Комшиќ го освои четвртиот мандат во трочленото Претседателство на БиХ, за кого гласаа најголем дел од припадниците на хрватската заедница, но и оние Бошњаци кои не биле задоволни со кандидатурите на Беќировиќ и Изетбеговиќ во Претседателството на БиХ, пишува хрватскиот портал Индекс.хр.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...