Се истражуваат тврдењата на босанскиот министер за одбрана дека има руски воени кампови во БиХ

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез без докази изјави во четврток оти постојат руски воени кампови во Република Српска

-

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез во четврток изјави дека постојат руски воени кампови во подрачјето на градот Рогатица во источниот дел на државата, односно во Република Српска. Радио слбодна Европа (РСЕ) известуваат дека Хелез ќе треба да даде изјава и да приложи докази за Обвинителството на БиХ, кои ја истражуваат точноста на неговите изјави.

„Не е тајна, луѓето го гледаат тоа, во селата околу Рогатица, луѓето сликаат среде бел ден дека таму има вежби. Имам слики, ќе ги покажам на телевизија“, рече Хелез за РСЕ на 23 ноември.

На барањето на РСЕ да ги покаже фотографиите, сепак рекол дека не смее, но оти ќе ги покажел на телевизија. Тој нема одговорено на дополнителни барања од РСЕ.

РСЕ не добиле одговор во врска со тврдењата на Хелез ниту од Агенцијата за разузнавање и безбедност, ниту од ЕУФОР, најдолгата воена мисија за одржување мир во БиХ, со преку 1.000 војници.

Од министерството за одбрана велат дека тврдењата на Хелез ќе бидат тема на следниот состанок на Комисијата за надзор на Агенцијата за разузнавање и безбедност. Во изјава за РСЕ, претседателот на комисијата Илија Цвитановиќ тврди дека се неточно тврдењата на министерот за одбрана.

„Нема никакви индикации дека се одвиваат активности какви што г. Хелез ги опиша. Во последно време често се случува политичарите да даваат несериозни изјави кои ја вознемируваат јавноста, кои влеваат страв кај луѓето кои живеат во одредени подрачја, особено во подрачјата каде има повратници“, изјави Цвитановиќ за РСЕ.

Од друга страна, на барањето од РСЕ да ја коментира изјавата на Хелез, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ рече дека „повеќе верува“ на неговиот колега министер Хелез оти има руски кампови во БиХ отколку писмото на група пратеници во кое пишува дека има муџахедински кампови. Станува збор за писмо напишано од група пратеници во парламентот на БиХ упатено до Европскиот парламент и американскиот конгрес.

Министерот за внатрешни работи во Република Српска Синиша Каран вели оти нема „паравоени и параполициски“ организации во регионот.

Министерот за одбрана Хелез и претходно има зборувано за руски кампови во Република Српска.

„Од почетокот на војната во Украина, во БиХ влегле 14.000 Руси, а во Србија околу 140.000. Во Србија имате и полигони за обучување, имаше еден во БиХ, на територијата на РС во источна Босна, и беа прекинати неговите активности“, рече Хелез во април оваа година, гостувајќи на српската телевизија Н1.

Не е познато дали се има направено истрага за ова прашање, ниту има Хелез приложено какви било докази. Претседателот на комисијата за надзор на Агенцијата за разузнавање и безбедност Илија Цвитановиќ вели оти комисијата „се бавела со ова прашање“ и не нашла никакви докази.

Возило на брза помош во Орегон удрило во велосипедист, па му наплатиле 1.800 долари за превоз до болница

Возило на брза помош удрило велосипедист во Орегон, САД, по што го однело во болница на лекување, а притоа му наплатиле повеќе од 1.800 американски долари. Ова се тврди...