среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: руско влијание | 100 резултати

Демостат: Телеграм е ефективна алатка за ширење дезинформации од Русија

август 17, 2024

Телеграм стана една од главните алатки за ширење про-Кремљ дезинформации и пропаганда на глобално ниво, пишува Демостат. Само во 2024 година, биле идентификувани околу 800 про-Кремљ канали, кои работат на повеќе од 30 јазици, пренесува српската Н1, анализирајќи ја објавата на Демостат. Овие канали станаа замена за официјалните руски медиуми како РТ и Спутник, откако […]

Од Левица преку Родина до ГРОМ и МААК: кои се мегафоните на Москва во земјава?

април 6, 2024

Северна Македонија во последниве години, а особено од почетокот на руската инвазија врз Украина, е изложена на многу силно руско пропагандно влијание, потпомогнато од илегално внесување руски пари преку политички партии, социјални групи и влијателни поединци преку кои Москва влијае и врз политичките одлуки во државава, покажуваат релевантни анализи. На малигното руско влијание не се […]

(ИНТЕРВЈУ) Малиукевичиус: Руското влијание се обидува да нè заслабне и натера да ја свртиме главата од Украина

март 17, 2024

Првично сметав дека целта на операциите на руско влијание е да се креираат одредени симпатии за рускиот режим и за руската идеологија. Но, нивната главна цел сега е едноставно да создадат поголем хаос внатре во соседните држави, за да нè направат да ја свртиме главата и да ги погледнеме нашите внатрешни проблеми, за да престанеме […]

Петровска: Сомнителна руска фирма сакаше да добие тендер за криптозаштита во Министерството за одбрана

март 11, 2024

Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема за Министерството за одбрана, информира денеска министерката Славјанка Петровска. За случајот информираше првично телевизија Телма, каде министерката Петровска во интервју за КОД изјави дека фирма со руски капитал и со седиште во Европска Унија се обидела да добие тендер во Министерството […]

Германската министерка во Западна Африка предупреди на влијанието на Русија

март 5, 2024

Германската министерка за развој Свења Шулц пред нејзиното патување во Западна Африка предупреди на исламистичкиот тероризам и руското влијание во тој регион. „Терористичките групи кои се шират и растечкото руско влијание во регионот имаат потенцијал дополнително да го дестабилизираат целиот регион во соседството на Европа“, рече министерката, пренесе германската новинска агенција ДПА. Таа одржа политички […]

Руски агенти во мантија

март 4, 2024

Режимот на Путин ја користи Руската православна црква за ширење влијание во православните земји. Оваа црква врши огромен притисок врз останатите цркви и го спречува доделувањето на Томосот за МПЦ. Преку разузнавачки активности, руските свештеници врбуваат црковни лица насекаде во помесните балкански цркви, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: По […]

Емотивни врски и пропаганда: Руската „мека моќ“ на Балканот

февруари 28, 2024

Руските медиуми Спутник и РТ (Раша Тудеј) Балкан кои работат во Србија, се користат како пропагандни алатки на путинова Русија и ја претставуваат руската „мека моќ“ во регионот. Оваа пропаганда од Москва преку содржините кои ги објавуваат двата руски медиума, а реобјавуваат српските медиуми, стигнуваат и се читаат секаде на Западен Балкан, вклучително и во С. Македонија. […]

Писториус: Србија и Република Српска се врата за руско влијание

февруари 8, 2024

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја оцени ситуацијата во Босна и Херцеговина како кревка и оцени дека НАТО и Европската Унија можат да направат повеќе за зачувување на мирот, дури и со испраќање дополнителни војници во европската Мировна мисија, пренесе германската новинска агенција ДПА. Тој ги опиша Србија и Република Српска како „плодна почва“ […]

Од Алјаска преку Путин и Москва до Балканот и на крај кај нас

февруари 3, 2024

Објави на фејсбук шират дезинформација дека со новиот декрет на Путин, Алјаска, Балтичките држави, Тибет и други територии што историски ѝ припаѓале на СССР и Империјална Русија ќе бидат преземени назад. Лажната вест тргнува од ЕССАњуз (Полска), па се шири на Балканот и на крај пристигнува во Македонија. Точно е дека на 18.01.2024 година Путин […]

Руска специјална војна на интернет – 50.000 лажни профили

јануари 27, 2024

Германското Министерство за надворешни работи откри руска кампања за дезинформации на платформата Х (поранешно Твитер). Околу 50.000 лажни сметки на германски јазик го поттикнуваат незадоволството од германската влада и ја поткопуваат поддршката за Украина, според анализата на Министерството. Истражувањето се однесува на периодот од 20 декември до 20 јануари, објави Шпигел, а пренесе германската новинска […]

Агелер: Не ми е познато за конкретно руско влијание врз изборите, но сигурна сум дека го има

јануари 25, 2024

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска изјави дека не ѝ е познато дека има некакво конкретно и експлицитно руско влијание врз изборите годинава, но дека уверена е дека истото е присутно. Одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на меморандумот за спроведување на Фулбрајт програмата за академска размена со министерот за образование и наука, Јетон […]

Српски политичар врзан со Русија најавува детали од истрагата за убиството на Вања и Панче

јануари 5, 2024

Екстремниот српски десничар Срѓан Ного изминативе два дена објавува фотографии од настаните поврзани со грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а за денеска најавува и емисија од 16 часот во која ќе објавел како течела истрагата и кој ги решил двата случаи на киднапирање и убиство што ја потресоа македонската јавност. Сепак, […]

Гардијан: Вучиќ е автократски националист чии политички инстинкти се исковани во ерата на Милошевиќ

јануари 3, 2024

Според српскиот претседател Александар Вучиќ, неодамнешните парламентарни избори во земјата биле „најчистите и најправедните“ во нејзината историја. Тие беа, исто така, триумф за неговата погрешно именувана Српска напредна партија (СНС), која освои убедлива победа. Но, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) имаше поинаков став, пишува британски Гардијан, а пренесува српски Данас. Во соопштението […]

Студентите во Белград на протест, руски „Вагнер“ бил на вчерашните насилни протести

декември 25, 2023

Илјадници студенти, граѓани и претставници на опозициските партии попладнево учествуваа на новиот протест во центарот на Белград против изборните измами, за кои обвинуваат дека ги организираше власта на Александар Вучиќ на парламентарните и локалните избори на 17 декември, пишува Данас. Младите денеска блокираа дел од белградските улици, најпрво се собраа пред Министерството за државна управа […]

Бојана Зориќ: Медиумската писменост и младинскиот развој се суштински во справувањето со странското мешање и безбедносните предизвици

декември 18, 2023

Безбедносните проблеми на Западен Балкан сега исто така се поврзани и со дезинформациите и лажните вести кои имаат тенденција да го дестабилизираат регионот и може да го попречат остварувањето на најважните стратешки цели на Западен Балкан. За оваа и за други теми Порталб.мк разговараше со Бојана Зориќ, експерт за безбедносни прашања во Западен Балкан. Таа […]

Левица го грабна мегафонот на Кремљ

декември 3, 2023

Добар дел од јавноста веќе од поодамна ја перципира Левица како проруска партија, длабоко навлезена во пропагандната машинерија на Кремљ. Партијата ја користи терминологијата на Москва, па руската инвазија ја нарекува „специјална воена операција“. Пратениците на Левица лани во март, токму среде руската воена офанзива на Украина, имаа средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин. Во […]

Рускиот наратив на Советот на ОБСЕ во Скопје: Запад е виновен за сè

декември 2, 2023

Советот на министри на ОБСЕ во Скопје, на кој се решаваше за натамошното постоење на организацијата, беше подиум на кој Москва „блесна“ со своите дезинфо наративи и ја потврди длабоката непомирливост со западните демократии. Но, сите руски наративи, искажани преку шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, се сведуваа само на една флоскула: „Западот е виновен за сè“, […]

Се истражуваат тврдењата на босанскиот министер за одбрана дека има руски воени кампови во БиХ

ноември 25, 2023

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез во четврток изјави дека постојат руски воени кампови во подрачјето на градот Рогатица во источниот дел на државата, односно во Република Српска. Радио слбодна Европа (РСЕ) известуваат дека Хелез ќе треба да даде изјава и да приложи докази за Обвинителството на БиХ, кои ја истражуваат точноста […]

Столтенберг: Загрижени сме поради реториката на поделби и руско влијание во Босна

ноември 20, 2023

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по состанокот со босанската власт во Сараево изјави дека е загрижен поради руското влијание и реториката на поделба во Босна и Херцеговина, јавува весникот Ослобоѓење. „Загрижени сме поради сецесионистичката и реториката на поделба, како надворешното влијание, особено на Русија. Тоа се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги […]

Српски монах со руско педигре успеа да откаже концерт на полски бенд во Белград

ноември 18, 2023

Полскиот метал бенд „Батушка“ беше приморан да го откаже нивниот концерт што требаше да се одржи на 23 ноември во Белград, јавува српскиот весник Данас. Ваквиот неславен епилог доаѓа откако монахот Арсеније од Српската православна црква објави 45-минутно обраќање на својот Јутјуб канал со наслов „Сатаната во Белград“. Тој повика на забрана на концертот на […]

Страна 1 од 5