fbpx

По САД, и Британија денеска воведе санкции против Милорад Додик

-

Британија денеска објави дека ги санкционирала членот на Претседателството на Босна и Херцеговина од Република Српска (РС) Милорад Додик и претседателката на тој ентитет Жељкa Цвијановиќ, поради обидите да го нарушат легитимитетот и функционалноста на државата БиХ, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик.

Британските санкции вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотот на Додик и Цвијановиќ, при што тие се први во рамки на британскиот режим на санкции кон БиХ, соопшти британската влада, нагласувајќи дека „тоа не се санкции против Република Српска или нејзините граѓани“.

Во одлуката на британските власти се наведува дека Додик и Цвијаноиќ „охрабрени од руското поткопување на меѓународниот систем“ ги искористиле своите позиции на моќ за да извршат де факто отцепување на Република Српска, еден од двата ентитета на Босна и Херцеговина, што е директно спротивно на државниот устав.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас рече дека, работејќи во координација со Соединетите Американски Држави и други партнери истомисленици, се надева дека британските санкции ќе ги охрабрат другите земји да применат слични рестриктивни мерки „повикувајќи ги политичарите на одговорност за нивното дестабилизирачко и опасно однесување“.

Во својата реакција, Милорад Додик рече дека му било “драго” што е предмет на интерес на британската влада и за него тоа било голем “успех”. Тој ги нарече британските тврдења како лаги, јавува Ал Џазеира Балканс. Додик изрече многу навреди кон британскиот амбасадор во БиХ, но и на сметка на опозициони политичари од Република Српска и на други политичари од Босна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...