fbpx

Столтенберг: Загрижени сме поради реториката на поделби и руско влијание во Босна

„Загрижени сме поради сецесионистичката и реториката на поделба, како надворешното влијание, особено на Русија. Тоа се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослаби реформите. Сите лидери мора да работат на единство и мораат да работат на напредок“, изјави Столтенберг

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по состанокот со босанската власт во Сараево изјави дека е загрижен поради руското влијание и реториката на поделба во Босна и Херцеговина, јавува весникот Ослобоѓење.

„Загрижени сме поради сецесионистичката и реториката на поделба, како надворешното влијание, особено на Русија. Тоа се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослаби реформите. Сите лидери мора да работат на единство и мораат да работат на напредок“, изјави Столтенберг.

Тој истакна дека НАТО останува да биде близок партнер на Босна и Херцеговина.

Столтенберг рече дека „сојузниците силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.

Столтенберг претпладнето разговараше со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. Генералниот секретар на НАТО имаше состанок со делегацијата на Советот на министри на Босна и Херцеговина.

„Соработката со НАТО ни дава можност за унапредување на сигурноста и јакнење на одбранбените капацитети низ учество во мировните мисии каде ја унапредуваме способноста на нашите вооружени сили. Токму тие елементи овозможуваат да одговориме на предизвиците за заканите како што се тероризам и организиран криминал“, изјави претседавачот Борјана Кришто по состанокот со Столтенберг.

Таа нагласи дека постои одлука БиХ да се интегрира во НАТО, што на земјата би ѝ дало можност да се интегрира во европските структури, а што е клучно за нејзината стабилност и просперитет.

Кришто се заблагодари на Столтенберг за пакетот помош за босанските власти за јакнење на нејзините одбранбени капацитети, кои се во висина од 48 до 53 милиони евра. Овие девет проекти се од областа на одбранбениот и безбедносниот сектор и треба да се имплементираат во наредните пет години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...