fbpx

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

ДИК достави писмен одговор до ЗНМ, по испратена претставка околу спречувањето на правото на фотографирање на избирачко место на новинарката Мери Јордановска од новинската агенција Мета.мк

-

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката Мери Јордановска за време на првиот круг на претседателски избори на 24 април, кога на Јордановска ѝ било спречено да фотографира, соопшти ЗНМ.

ДИК вели дека доколку се повтори ситуација на прекршување на правата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот ден на 8 мај 2024 година, членовите и замениците членови на изборните органи ќе бидат соодветно санкционирани.

ЗНМ реагираше за непрофесионалниот однос од страна на членови на избирачки одбор во избирачко место бр. 2762 во општина Кисела Вода – Дом на М.З. на ул. Христо Татарчев број 44, Скопје, каде на новинарката Јордановска не ѝ било дозволено да фотографира во просторијата каде што се одвивало гласањето и покрај што таа претходно уредно се претставила и ја покажала својата новинарска легитимација.

ЗНМ дополнително побара од ДИК да преземе соодветни постапки и санкции за овој случј.

Според ДИК, на јавна седница пред првиот круг на Претседателските избори, таа дала јасни препораки на сите изборни органи дека работа на новинарите треба да биде јавна и транспарентна.

ДИК потврдува дека новинарите, снимателите и фоторепортерите можат слободно да одат во избирачките места и да снимаат и фотографираат при вршење на својата професионална должност. Единствено треба истите да внимаваат на тајноста на личните податоци на граѓаните во Избирачкиот список, како и на тајноста на гласањето зад параванот и да не фотографираат гласач кој има изјавено дека не сака да биде сниман или фотографиран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски бара адвокати, тој ќе биде спроведен во суд да се изјасни за притворот

Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставeно официјално известување за екстрадицијата на осомничениот Љупчо Палевски Палчо, за кој веќе е определена мерка притвор, како и...