fbpx

ЗНМ: Стратешките тужби за спречување на јавно учество се со цел да ги демотивираат критичките новинари

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) како обид да се обесхрабрат новинарите ја оцени приватната тужба на пратеникот и лидер на политичката партија „Левица“ Димитар Апасиев, кој тужеше новинари за „неовластено објавување на лични записи“ според член 148 од Кривичниот закон.

Откако Основниот Кривичен суд во Скопје денес ја објави пресудата со која новинарите Мери Јордановска и Предраг Петровиќ се ослободуваат од обвинение.

ЗНМ нагласува дека со оваа пресуда се потврдува ставот на новинарите дека не станува збор за објава на личен запис, туку за информација која е од јавен интерес, како и тоа дека новинарските прашања кон Апасиев, во дадениов случај, се легитимни и вредни за вниманието на јавноста.

„Во одбраната на новинарите се истакнува праксата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), според која границите на јавна критика се пошироки за носителите на јавни функции отколку за приватни лица и тие потребно е да имаат поголем праг на критика“, наведено е во соопшението на ЗНМ.

Здружението истакнува дека ваквите тужби служат пред се да се посее страв меѓу новинарите и да им се предизвикаат материјални загуби, со цел да се стивнат.

„Ваквите тужби во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP). Овој вид на тужби служат да се предизвика заплашување и правни трошоци или едноставно исцрпување на тужените, во случајов на критички новинари со цел да се демотивираат или да се откажат од јавна критика. Овие тужби, посебно кога се иницирани од политичари и носители на јавни функции, можат да предизвикаат самоцензура кај новинаритеа со тоа да се наруши правото на информирање на граѓаните“, нагласија од ЗНМ.

На постапката која траеше речиси една година, тужителот не се појави лично ниту еднаш на рочиште, а новинарите повеќе пати беа присутни на рочишта во судот каде ја застапуваа својата одбрана.

По објавата на пресудата, колешката Мери Јордановска изјави: „Државните функционери мора да сфатат дека функцијата ја вршат 24/7 и се поподложни на јавна критика, без разлика дали одговораат на електронска пошта, смс порака, службен или приватен телефон. И кога ние како новинари ги бараме, ги бараме во име на јавноста, за работи кои се од јавен интерес, па оттаму не смее да се воспоставува практика на воведување страв и цензура“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...