Турција одобри екстрадиција на осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски – Палчо

Министерството за правда ја потврди екстрадициајта на Палевски, првоосмоничениот во двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски

-

Турската власт ја дозволи екстрадицијата Љупчо Палевски – Палчо, првоосмоничениот во двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, соопшти Министерството за правда.

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека веќе му е определена мерка притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари, која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување.

На 6 декември 2023 Министерството за правда побара од турските власти Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција сѐ до завршување на постапката.

Министерството за правда на 6 декември 2023 година доби официјално известување од Интерпол дека лицето Љупчо Палевски барано со меѓународна потерница е лишено од слобода во Турција. На 7 декември 2023 година, барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски беше потпишано.

На 13 декември 2023 година Министерството за правда добило известување дека до нивните колеги во Турција стигнало барањето за екстрадиција на Палевски.

На 8 февруари 2024 година, Министерството за правда соопшти дека судскиот процес за Палевски е завршен.

Покрај за убиство, Љупчо Палевски – Палчо е осомничен и за грабнување.

Во истражниот затвор во Шуто Оризари е неговиот познаник, Стефан Димковски, со чие возило заедно патувале низ Бугарија до Турција.

Дополнително, Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски се осомничени за грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие). Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се сомничи дека им помогнал при извршување на кривичното дело – грабнување на малолетно лице. Сите тие се во истражниот затвор во Шуто Оризари, освен таткото на Вања кој сега е во домашен притвор.

Љупчо Палевски осомничен за убиство на 14-годишната Вања, вмешан бил и таткото

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...