Судењето на Палевски во Турција е завршено, се очекува екстрадиција

Министерот за правда Кренар Лога од неговиот турски колега добил информација дека се очекува да завршат административните процедури, а потоа Палевски да биде екстрадиран во нашата држава

-

Македонскиот министер за правда е во Турција на средба со неговиот колега, Јилмаз Тунч, на кој меѓу другото се разговарало и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за двојното убиство – на малолетната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

„Министерот за правда Кренар Лога беше информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури. По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Министерот Лога му се заблагодарил на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочил дека ова е добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство.

Постапката за екстрадиција на Палевски почна кон почетокот на декември минатата година. Тој беше уапсен на 5 декември во Беликесир во Турција, а сега во затворски притвор.

Во истражниот затвор во Шутка е неговиот пријател, Стефан Димковски, со чие возило го превезувал низ Бугарија до Турција. Тој, според полицијата, ја напуштил државата на 30 ноември, три дена по убиството на 14-годишната Вања, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември.

Кривичната пријава која МВР ја доставило до ОЈО била напишана на повеќе од 100 страници.

Љупчо Палевски – Палчо е осомничен за убиство и грабнување. Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски се осомничени за грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие), додека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски се сомничи дека им помогнал при извршување на кривичното дело – грабнување на малолетно лице. Сите тие се во истражниот затвор во Шутка.

За двојното убиство сè уште има голем број отворени прашања, а за случајот сè уште не е поднесено обвинение.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...