Ганиу, Касами и Меџити на листата на Антикорупциска поради недоставување документи

На седницата се расправаше и за случајот за Талат Џафери, кој има платено две казни затоа што за времето што ја вршел функцијата на претседателот на Собранието, истовремено бил и член на Генералниот совет на партијата, поточно на ДУИ

Фото: Мета.мк

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, министерот за здравство Фатмир Меџити, првиот човек на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски, се дел од функционерите кои ги платиле казните од Државната комисија за спречување на корупцијата изречени поради недоставување на документацијата за предметите што ги отворила оваа институција. Тие и по плаќањето на казните не соработувале со институцијата која е надлежна за спречување на корупцијата, пишува Порталб.мк.

Државната комисија за спречување на корупцијата на 100 седница ги објави имињата на службените лица кои не соработувале и кои, и покрај законската обврска, не ги доставиле потребните документи.

Списокот е изготвен врз основа на предметите што беа отворени од 2019 до 2024 година, односно за време на мандатот на Комисијата со кој претседаваше Билјана Ивановска.

Список од Одделот за судир на интереси
• Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм, платил казна и не доставил документи до Одделот за судир на интереси.

Список од Одделот за корупција
• Никола Васев, в.д. медицински директор на УК за онкологија и радиотерапија, платил казна и не доставил документи.
• Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир, два пати платил казна и не доставил документи за предметите 1246 и 122779.
• Максим Ацевски, претседател на Државниот завод за ревизија, платил казна и не доставил документи.
• Фатмир Меџити, министер за здравство, платил казна и не доставил документи.
• Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм, платил казна и не доставил документи.
• Билал Касами, градоначалник на Општина Тетово, платил казна и не доставил документи.

Список од Одделот за имотна состојба
• Драган Георгиевски, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Весна Кичеец, судијка во основен суд, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Маја Савевска, член на Советот за образование, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Наташа Лукиќ, член на Управен одбор, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Маја Папатолевска, член на Одборот за стручно образование, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Круме Андонов, член на Управен одбор во УК за ревматологија, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Катерина Дончева, член на Управен одбор на Здравствен дом Валандово, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Маја Ќорлука, член на управен одбор, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Велјан Тасевски, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Бранко Алексоски, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Ваљбона Фазлија, член на надзорен одбор, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Владимир Крстевски, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Зоран Ивковиќ, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Ивица Лазаров, член на надзорен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Лаурент Керими, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Елјеса Алили, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Шенај Османова, член на управен одбор, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Горан Давидовски, член на надзорен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Александар Стојановски, член на надзорен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Никодин Наумовски, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Љубица Зеревска, член на управен одбор, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Љупка Лубиновска, член на управен одбор, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Марија Митрова, член на управен одбор, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Круме Арнаудов, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Ирена Стојановска, член на управен одбор, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Даут Хајрулаху, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Бетим Ламалари, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Зоран Костадинов, член на надзорен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Мара Глигоровска, в.д. директорка на училиште, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Марија Спиревска, член на Комисијата за жалби, платила казна и не доставила анкетен лист по престанок на функцијата.
• Зоран Зафировски, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист по престанок на функцијата.
• Беса Поцеста, член на управен одбор, платила казна и не доставила анкетен лист по престанок на функцијата.
• Дарко Димитровски, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Сали Салиу, член на надзорен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Живорад Ќурчиев, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Борис Георгиевски, член на управен одбор, во здравството, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Аријан Даци, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.
• Тијана Димовска Тошевска, претседател и член на Одборот за контрола, платила казна и не доставила анкетен лист.
• Димитар Гетов, член на управен одбор, платил казна и не доставил анкетен лист.

Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, изјави дека со оглед на тоа што нашиот закон нема други средства освен прекршоците, таа побара да им се овозможи понатамошно постапување по измените во Законот за спречување на корупцијата.

„Сепак, сето ова ќе биде објавено на нашата веб-страница и како што ќе има нови имиња, така ќе се дополнува списокот“, објасни Ивановска.

На седницата се расправаше и за случајот за Талат Џафери, кој има платено две казни затоа што за времето што ја вршел функцијата на претседателот на Собранието, истовремено бил и член на Генералниот совет на партијата, поточно на ДУИ. Ова, според Уставот, не е дозволено, бидејќи на претседателот на законодавниот дом не му е дозволено да врши партиски функции. Но, за ова имаше и несогласувања, бидејќи дел од членовите не се согласуваа со заклучокот дека има неусогласеност на функциите и сметаа дека тоа не е прашање што треба да го решава Антикорупциска, туку Уставниот суд.

Меѓу членовите имаше несогласување и околу тоа дали Џафери се повлекол од партиската функција откако ја платил казната. Дел од членовите сметаа дека не се повлекол, а други рекоа дека според одговорот од партијата, Џафери се повлекол по донесувањето на одлуките и не ја вршел функцијата. Антикорупциска потоа гласаше за прекин на дискусијата за ова прашање, бидејќи Џафери сега е премиер и е сменета фактичката состојба.

Мандатот на претходниот состав на Антикорупциската комисија заврши вчера, на 7 февруари 2024 година, а новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата почнува со работа денес, 8 февруари 2024 година.

На 22 декември пратениците со 97 гласа „за“ ги изгласаа Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасовска-Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаили, Билјана Каракашова-Шулев и Зоран Богоевски за нови членови на Антикорупциска. За нов претседател е избрана Татјана Димитровска.

Во претходниот состав на ДКСК, претседател беше Билјана Ивановска, а членови беа Владимир Георгиев, Софка Пејовска-Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемши Салаи.

Meта.мк веќе пишуваше дека биографиите на кандидатите за членови на Државната комисија за спречување корупција се тајна за јавноста. Испечатените биографии ги добија само членовите на комисијата за нивен избор и лицата кои го вршеа анкетирањето.

Тие мораа да потпишат договор за доверливост бидејќи биографиите содржеле „лични податоци“. Останува нејасно зошто овие податоци, како единствениот матичен број на граѓанинот, адресата на живеење или телефонскиот број не беа скриени, односно избришани и потоа биографиите да се објавеа за јавноста да може да види кои кандидати претендираат да се борат против корупцијата во наредните четири години.

Во последниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија, како и во претходните извештаи, имаше позитивни мислења за работата на комисијата, иако во последните години случаите што ги отвори ДКСК често стануваа предмет на „судири“ со судството и државните институции. Комисијата реагираше за притисоците врз нивното работење и во еден момент обвинителството ја прекина соработката со оваа институција.