Игри со самураи и нинџи што ќе излезат годинава

Souls игрите од овој тип се и RP игри (најиграниот жанр на видеоигри моментално во светот) а претставуваат голем предизвик и бараат умешност и вештина

Where winds meet Скриншот од трејлер на YouTube
Where winds meet Скриншот од трејлер на YouTube

За годинава се најавени неколку игри на тема „Источни воини” – самураи, нинџи, кинески воини. Претходниците на игрите што ги презентираме се несомнено “Sekiro”, “Nioh” 1 и 2, “Wu Long: Fallen Dynasty” и “Ghost of Tsushima”. 

За новите игри, коишто се Souls Like игри со зголемена тешкотија, односно Where Winds Meet, Phantom Zero Blade и Rise of the Ronin неодамна излезе гејмплеј.

Почнуваме со Where Winds Meet:

За неа пишувавме уште при првата нејзина најава. Играта има впечатлива атмосфера и цел огромен свет за истражување, како и повеќе карактеристики што ѝ даваат дух на реалност и хуманост –  на пример, давањето пари на просјак е со посебна анимација слеана во играта. Тука е и движењето во толпа и пробивањето меѓу луѓе со завртување настрана – што е земено од серијалот Assassin’s Creed. Потоа, има прекрасни пејсажи – од шуми со бамбуси до отворени полиња и ридови, низ кои може да минувате и со трчање и со претерани акробации, но и со јавање коња. Ликовите со кои имате интеракции се исто така одлично сработени, а комбатот е динамичен, но не бара толку агресивен пристап како во Sekiro, туку е покласичен, карактеристичен за Souls игрите – со многу избегнувања и повеќе нанесени удари, особено во битките со „главните“.

 

Гејмплејот за Phantom Zero Blade:

Играта е направена да се добие чуство на црно-бела анимација, но тоа е надградено со извонредна кореографија на потези од боречки вештини – што фантазиски, што реални. Станува збор за брутално насилна игра, со пребрзо темпо на играње. Изгледа навистина импресивно и јасно е дека девелоперите навистина се потрудиле при нејзиното создавање.

Излезе и трејлер за истоимено аниме базирано на играта што ја раскажува приказната пред настаните во играта: 

 

Новиот гејмплеј за Rise of the Ronin:

Оваа игра е најслабо графички сработена од сите три. Иако многу потсетува на Nioh 2 со атмосферата со борби во и околу доџоа, сепак се разликува од неа во можностите на отворениот свет и инвентивните нови борбени механики, коишто нудат одлични комбинации, како и варијанти, кои може и сами да ги откривате. Играта излегува на 22 март годинава. 

Секако, има цела низа игри од овој тип на кои се работи во Unreal Engine 5:

Souls игрите од овој тип се и RP игри (најиграниот жанр на видеоигри моментално во светот) а претставуваат голем предизвик и бараат умешност и вештина. Тоа, впрочем, е и главната привлечност на овие видео игри.