Моментално живееме во новата златна ера на RPG игрите. Пред вас е водич со општи и специфични термини за ваквиот вид на игри, кој се надеваме дека ќе ви помогне повеќе да се забавувате – што е и основната цел на гејмингот. Не станува збор за речник туку за последователни контекстуални објаснувања. Секако, референцата на насловот е книгата „Автостоперски водич низ галаксијата” од Даглас Адамс, толку смешна книга што ја читаат и луѓе што обично не читаат книги.
Позабавно е со пријатели
Најважниот фактор во играњето RPG игри онлајн е да играте со пријатели. Самата игра и не е толку важна колку што е важно да се забавувате со пријатели дури и ако тие се нови пријатели што сте ги стекнале во игра. Проблемот со македонските играчи е што ретко кога помасовно се групираат на MMORPG игри, најблиску до тоа се Балканските гилдови или кланови во игрите каде можете случајно да налетате на мал број други играчи од Македонија.
Следење на метата и терминологии
Под „следење на метата“ не се подразбира следење мета со нишан од пушка затоа што RPG игрите и најчесто немаат огнени оружја (освен типот на Мас Ефект и SWKOTOR игри и секако пушката кај хантерот во WoW), не се подразбира ниту „демнење“ под истиот термин.
Мета во повеќето игри се однесува на опремата која е најдобра и најефикасна во одреден период. Под билдови се подразбира сет на скилови и нивни ротации и најефикасни OP (OverPowered) комбинации. Повеќето играчи кои сериозно се зафаќаат со градењето ликови и нивно одржување најчесто на интернет ги следат најдобрите билдови за одредени сезони следејќи Јутјуб видеа и нивно детално проучување преку одредени веб сајтови. Ваков сајт за Diablo 3 е сајтот IcyVeins којшто ја игра истата улога и за билдови и ротации за World of Warcraft.
Ротациите се всушност редослед за употреба на скилови или магии кои го зголемуваат dps-от односно ударната сила на ликот, или ја зголемуваат моќта за лечење, тенкање и бафирање. Танкање се однесува на ликовите што во групата ја имаал улогата на тенк – ги примаат најголемиот дел од ударите, додека хилерите се фокусирани со лечењето на тенкот и воедно на сите членови на групата.
Кога ќе се рече „Свето Тројство“ во гејмингот на RPG игри се мисли на тројството од тенк, хилер и дпс како главни категории. Но, во последно време важна улога игра и категоријата бафер што може да се види кај Драктир Евокерот во WoW и Ревенант професијата во Guild Wars 2. Баферот во гејмигот е лик којшто ги одржува бафовите, односно појачувања на атрибутите и способностите на себе и на другите ликови во групата.
Добро е да сте свесни за самата Мета на играта што ја играте но немора стриктно да ја следите. Најзабавно е самите да си правите билдови и да ги испробувате. А и поголем е меракот кога победувате во PvP (Player Vs Player) со билд на скилови и таленти што самите сте ги одбрале според ваше лично мислење.
Кајтањето и земањето или избегнување „агро“ се исто така други два важни застапени термини. Кајтањето доаѓа од Кајт(Kite) што на англиски е Змеј за летање, буквално како кинеските хартиени змејови што деца ги летаат по паркови. Кајтање во игрите се прави со рејнџ какрактер – рејнџ е домет односно карактери што маваат од далеку. Тоа се најчесто стрелци и магионичари односно кастери.
Агро се однесува на терминот „Агравејтед демиџ“: тенкот секогаш треба да земе агро на босот за да го таргетира и удира само него. Ова се прави со посебни способности за „таунт“ што е буквално предизвикување на босот да го насочи вниманието на тенкот затоа што DPS ликовите и хилерите се поранливи.
Исто така, постои „пул на Агро“ кога поминувате данџн или рејд и сакате да избегнете групи непријатели, а има и “хаг д вол” тактика за гушкање на ѕидот. Притоа, се прилепувате до ѕидовите за да не земете агро од непријателите кои се на средината на патеката и така ги поминувате без да се борите со нив. Ако се изведе ова правилно заштедува многу време. Но, ако некој скршне повеќе накај непријателите и го нападнат направил „пул“ (Pull) влечење и земал Агро. Во тие случаи целата група се впушта во борба и го брани тој играч за да не загине. „Вајп“ е тотално збришување на целата група односно сите да погинат и да се почне борбата од почеток.
Телеграфи на земја кои треба да се избегнуваат означуваат области најчесто маркирани со црвени кругови во кои скоро ќе случи силен удар од босот. Исто како што не треба да стоите во играта во сред оган, треба да ги избегнувате овие црвени кружни полиња затоа што следните неколку секунди ќе удри таму босот.
Најдобар пример за учење на избегнување на телеграфи има во Фракталите на Guild Wars 2 што се кратки данџени. А терминот доаѓа од боречките вештини, она што го викаат „ми телефонира пред да удри, нормално дека ќе го избегнам или блокирам ударот”.
Исто така постои општо правило да не се прави Loot во сред борба (Do not loot in combat). Loot е пленот од борбата и земање на пленот од штотуку победени непријатели додека борбата е во тек е губење на време.
Играчите што прават loot во комбат знаат и да се задржат на екраните за торби или инвентар и ако се преполни да уништуваат ајтеми за да земат нови од телата на непријателите. Тоа на другите играчи што се борат им изгледа само како ликот да стои и да не прави ништо, а ако се почетници може да трае и до крајот на моменталната битка.
Луѓето со кои играте се поважни од ајтеми и злато во која било игра. Играјте фер и бидете љубезни и пријателски расположени, никој не сака токсично однесување со навреди и елитистичка надменост.
Дури и да бустате друг играч направете да биде и бустаниот играч дел од искуството, на пример да ве следи и да избегнува агро, а да не дреме на почетотокот на нивото додека вие го завршите. Во тој случај најдобра стратегија за бустираниот лик е да биде што поблиску до главниот бустер и кога има многу непријалите да се залепи за него додека поголем дел од времето да се држи на оптимум дистанца од самите борби во кои би погинал од удар или два од било кој непријател.
Исто така употребата на адони за игрите – програмчиња и софтвер што ја олеснува играта се смета за потребштина за посериозно играње. На пример адоните од Curse за WoW не преставуваат прекршок за кој би ве банирале.
Читање и следење дијалози во самите RPG игри
Повеќето играчи што одамна играат RPG игри знаат дека со читањето на сè во играта се збогатува самото искуство на играњето. Истото важи и за следење на дијалози со NPC ликови (Non Player Character). Поновите генерации можат и „да свртат“ некоја игра без да воопшто да читаат и да ги прерипуваат и прекинуваат видео дијалозите. Ова е посебно битно за самото уживање во игрите. Има играчи на WoW што завршиле преку 1000 квестови (задачи, потраги), а не прочитале ни 20 од нив целосно.
Во играта Скајрим, или во Елдер Скролс Олјан, има и книги што можете да ги собирате од различни места во светот дури и со опцијата да изградите куќа можете сите книги што сте ги собрале да ги наредите во посебна просторија која е буквално библиотека во вашата куќа. Секако ова не се цели книги, најчесто се кратки раскази кои ги собирате како сложувалка како делови од повеќе приказни во играта.
Во Вичер 3 исто така има книги за собирање и се со бајаги скратена содржина, но ако правите подготовки за борбите со различни чудовишта читањето и истражувањето на што конкретно се ранливи одредени чудовишта ќе ви помогнат да ги победите полесно.
На пример, ако непријателот е имун на оган а вие го горите со знакот за фрлање пламен „Игни“ и се чудите зошто не му правите воопшто демиџ – тоа е дека не сте прочитале. Или напаѓате суштество со меч од челик-наменет во играта за луѓе-најчесто бандити непријатели, а суштеството е многу поранливо ако го употребите сребрениот меч. Концептот за сребрен меч е далеку од реалноста особено затоа што среброто реално е многу помеко од челикот и би било бескорисно за оваа намена-таков меч би се свиткал веднаш. Но, има и други метали како познатиот „Митрил“ што го има измислено Толкин, а фигурира во повеќето средновековни фантазиски RPG игри. Во Марвел универзумот најпознати вакви материјали се Адемантиумот со кој е обложен скелетот на Вулверин и Вибраниумот кај Блек Пантер од кој се неговите канџи и облогата на неговиот костум. А во DC најпозната фантазиска супстанца е криптонитот или ранливоста на Супермен и Супергрл. Не за џабе во периодниот систем на фиктивни елементи (да, интересно е што и такво нешто е составено) -елементите од видео игри се во најголем број.
Што се однесува до бирањето на игра дури и да одберете игра со претплата која навидум изгледа скапа а со моменталната инфлација месечниот трошок за играта е како 3-4 одења до супермаркет или помалку. Алтернативата да играте полоша игра на која ќе се нервирате дека и недостасуваат карактеристики и да бидете константно изфрустрирани додека го правите тоа-што и најчесто е случај со таканаречените Free to play игри-кои потоа пробуваат да „молзат пари“ со микротансакции или и тие нудат месечна претплата за целосно нормално искуство. Наместо да уживате во поскапа игра со најдобар квалитет. Подобро е да платите во пари одошто во нерви.
Нормално не сите гејмери располагаат со свои пари на интернет или платежна картичка од банка. Но пожелно е и помладите за тоа да се обратат кај родителите кои ќе можат тоа да им го обезбедат и ем да можат да им го модерираат и контролираат времето кое децата ќе го поминуваат играјќи со ограничувачки тајмери во текот на денот.
Секако секогаш постои и опцијата да играте и Single Player игра што е квалитетна, но денес и тие имаат делови од самата игра што во најмала рака би бележеле статистика и трофеи или достигнувања- како и други меѓуинтеракции на рекроди меѓу играчи.
Многу е подобро да поминете 15-20 минути во квалитетно и забавно играње на тоа што вистински сакате да го правите во играта наместо часови и денови грајнд на статистика, број на убиства, број на завршени задачи, број на ачивменти и слично- ионака за тоа во сите RPG игри нема лимит.