Златно доба на RPG игрите: Во исчекување на Path of Exile 2, Dragon’s Dogma 2 и Titan’s Quest 2

Неслучајно, во последно време многу од игрите што се рекламираат и што добро се продаваат се токму од RPG жанрот.

Dragon's Dogma 2 Screenshot from the main site of the game dragonsdogma.com
Принтскрин од вебсајтот на Dragon's Dogma 2 dragonsdogma.com

Моментално според гејминг критичарите живееме во новото Златно доба на RPG игрите и има одлично видео од IGN што ја објаснува оваа појава. Неслучајно, во последно време многу од игрите што се рекламираат и што добро се продаваат се токму од RPG жанрот.

Овде спаѓаат и изометриските hack and slash RPG игри и сите Souls Like игри и повеќето игри базирани на развивање и левелирање на ликови. Со сигурност се знае дека вистинскиот пресврт за почеток на ова Златно доба на RPG игрите започна со успехот на Witcher 3: The Wild Hunt но секако по неа следуваа еден куп впечатливи наслови кои ги имаме покриено во поголем број написи.

Засега по играност и интерес за играта убедливо води Baldur’s Gate 3 која според статистиките стана малтене најиграна игра на Steam. Но, тоа што е важно е дека уште понадежни наслови се на повидок. Три од нив се Path of Exile 2, Dragon’s Dogma 2 и Titan’s Quest 2. 

1Titan’s Quest 2

Продолжение на диабловидната игра која што тематски беше поставена во светот на старогрчката митологија.

Иако првиот дел од оваа игра беше игран со доста голем мерак, многу играчи и не ја довршија до крај, а оклопите и оружјата што изгледаа добро се земаа само на повисоките левели. Можеше да се играат мултикласни архетипи истовремено и на воин, стрелец и магионичар. Истиот систем ќе биде пренесен и во двојката. Исто како на Скајрим тоа што го играте тоа го левелирате, ако користите меч и штит ви се левелираат способностите и талентите за воин, но ако почнете да користите магичен стап левелирате повеќе кон волшебник а сè сте уште и воин.  

Сега за сега првото место за игра со старогрчка тематика го држи играта Assassin’s Creed Odyssey која е често на попусти на Стим. Но, ќе видиме дали Titan’s Quest 2 ќе ја симне од тронот. 

2Dragon’s Dogma 2 

За оваа игра во најава имаме и претходен подетален напис за концептот на играта со првиот трејлер што може да го видите овде. Но овојпат ќе ви го презентираме видеото кое ги објаснува новитетите во играта во кое фигурира и гејмплеј од играта од „освртот на гејмплејот од девелоперите“ на настанот Capcom Showcase 2023 пренесен од IGN:

Иако станува збое за Single Player игра има интеракција помеѓу играчите преку “пиуните” што ги најмувате да се борат за вас, ова значи дека е потребна оригинална верзија од играта за ваквото поврзување онлајн. Многу Single Player игри почнаа да добиваат онлајн делови од играта доколку ја имате во оригинал, тој тренд започна со Middle Earth: Shadow of Mordor каде можеше ваши пријатели да ве осветат ако паднете во битка бирајќи да се борат против оркот што ве убил. Во Dragon’s Dogma пиуните се споредни ликови и нив ги градите покрај главниот лик и можете да ги изнајмувате. Цела нова опрема што ќе ја соберат при авантурите со други луѓе ја задржат и кога вие ќе продолжите да играте со нив. Најавено е дека физиката, комбатот и оживувањето на сите ликови и пријатели и непријатели ќе бидат дел од Dragon’s Dogma 2

3Path of Exile 2

Анимациите во комбатот се послеани и од анимациите во Диабло 4 а и графиката е исто така далеку подобра. Играта нуди многу опциите за истражување на светот и за билдовите што може да се направат со огромниот број дрвја за таленти. Path of Exile 2 ја има таа предност што ќе биде бесплатна игра -и ќе биде поврзана и со Path of Exile 1. Допирните точки нема да ви го омаловажат претходното играње на првата игра -напротив ќе ви го валидираат. Ќе има точно 100 нови босови, од кои сите ќе имаат различни механики за борба и уникатен дизајн како посебни карактеристични чудовишта. Исто така се ветува и богата приказна со интересни содржини.