Сајберпанк играта „Ghostrunner“ до утре е бесплатна на „Epic Games“

Станува збор за типична Сајберпанк игра со инвентивни решенија на визуелизации

Ghostrunner / скриншот од трејлерот за играта на Јутјуб

Играта „Ghostrunner“ со сајберпанк тематика, паркур скокање и прекачување каде играте „уличен самурај” што користи надградена катана и кибернетски импланти, е достапна за бесплатно преземање од „Epic Games“ до утре, четврток, 18 април.

Повелете и погледнете го трејлерот за играта:

Практично, идејата за “блејдмастер” што користи само техничка катана со натчовечка брзина и сила зајакната од разни механички имплантации, е една од архетипските идеи за технолошки нинџа. По концептот е слична на „Warframe“ (за која имаме повеќе написи) каде светот наликува повеќе на „Cyberpunk 2077“, a основната идеја за ваков тип на игра бележи прв обид со играта „Daikatana“ од девелоперот Џон Ромеро кој го започна познатиот „Doom“ серијал. 

Иако играте во прво лице во оваа игра, слично прекачување по површини и загатки со трчање по ѕидови и забрзување пред подвижни празнини на затварачки процепи има и во добрата „Souls like“ игра „Star Wars: Jedi Fallen Order“ којашто има свое продолжение наречено „Jedi Survivor“, но се игра во трето лице.

„Ghostrunner“, сепак, e игра во нецензурирана варијанта каде има експлицитни содржини на “blood and gore” и е наменета за возрасни гејмери. 

Играта има и второ продолжение, но повеќето фанови го сметаат токму првиот дел што е на бесплатна промоција за подобра игра, иако во вториот дел светот е поголем и опциите се побројни.

Ова е трејлерот за „Ghostrunner 2“: 

Aко сакате да ги тестирате вашите рефлекси, приспособливост и време за реакција, оваа игра е одличен предизвик. Играта е типична Сајберпанк игра со инвентивни решенија на визуелизации, а иако ѝ недостасува приказна, не попушта во доменот на „акција со преземање брзи чекори и одлуки” додека тече приказната.

Секако има и моментално „успорување време” (што е објаснето дека се должи на моменти каде технички побрзо реагирате од противниците), но тоа е само една специјална способност низ бесконечното и несопирливо придвижување напред во самите нивоа, без застанување, каде факторот „ако застанеш – мртов си” е основно правило на играта.

 Во редовна продажба играта чини 30 долари, а сега можете да ја земете бесплатно до утре. Дефинитивно е игра што вреди да се има пред сè поради квалитетот и еланот со кои е направена.