fbpx

ДИК проверува пријавени нерегуларности на изборниот ден во Липково

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски побара веднаш да се отвори избирачкиот материјал и да се проверат наодите за нерегуларности во изборниот процес во Липково

-

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница, проверуваат дали бројот на избирачки ливчиња од избирачкото место 1112 во Липково, соодвествува со бројот на гласачи од ова место кои на 24 април гласаа за иден претстедател на државата. Одлуката за проверка на избирачкиот материјал следуваше откако овластениот претставник Албедин Абдули од коалицијата „Влен“ го образложи приговорот и раскажа што се случувало дента во Липково.

„Во избирачкото место борј 1112 во Липково, член на избирачкиот совет му дава две гласачки ливчиња на едно лице. Овој настан е пријавен, но неговиот приговор не бил земен предвид и згора на тоа, добил и закана да го напушти избирачкото место. Ова е спротивно на законот, бидејќи членовите на избирачкиот совет се рамноправни, нема право никој да исклучи некого. Согласно член 151, бараме ДИК да провери дали полицијата одговорила на барањето за интервенција на избирачкото место, затоа што за тоа имало потреба, потоа дали бројот на ливчиња во кутијата е поголем од гласачите кои гласале и дали бројот на отпечатоци од прсти се совпаѓа со бојот на ливчиња во кутијата и дали е нотирана забелешка во записникот“, кажа Абдули.

Тој исто така, на седницата информираше дека во Липково, на ибирачко место 1107 резултатот бил 32-32, на избирачкото место 1110 резултатот бил 3-9, во 1108 бил 197-123, а на местото на кое се направени нерегуларности, 1112, резултатот е 278-55.

„Гледате, од еден резултат кој е или изедначен или е со минимална разлика, овде имаме разлика од повеќе од 220 глсови. Свесни сме дека резултатот во ова избирачко место нема да го промени бројот на вкупен на добиени гласови, но треба да се утврди нерегуларноста за да во иднина се спречат нерегуларности во вториот круг, кога секој глас може да е пресуден и да одлучи за пратенички места“, рече Абдули.

Претседателот Александар Даштевски побара веднаш да се отвори избирачкиот материјал и да се проверат овие наоди. Во тек е проверката на избирачкиот материјал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...