fbpx

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

Според податоците од Државната изборна комисија, најголем одѕив до 13 часот за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 отсто, а најмал во Липково, со 3.28 отсто, а на парламентарните избори, најголема излезеност до 13 часот има во Кривогаштани, со 48.65 отсто, а најмала во Маврово и Ростуше, со 11.91 отсто

-

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто.

Според податоците од Државната изборна комисија, најголем одѕив до 13 часот за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 отсто, а најмал во Липково, со 3.28 отсто. Споредено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година тоа е зголемување од 3.49 отсто на овие избори, додека споредено со првиот круг од Претседателските избори во април е намалување од 0.7 отсто.

На парламентарните избори, најголема излезеност до 13 часот има во Кривогаштани, со 48.65 отсто, а најмала во Маврово и Ростуше, со 11.91 отсто. Најголема е излезноста во првата Изборна единица со 31.18 %, потоа следува третата со 29.18 отсто и четвртата со 26.40 отсто. Најмала е излезноста во шестата изборна единица со 16.71 отсто. Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година има зголемување  од 2.03 отсто на овие избори.

Од ДИК информираат дека досега до нив се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, девет приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...