(ИНФОГРАФИК) Мал одѕив на претседателските избори во општините со мнозинство албански гласачи

Според податоците на ДИК, излезноста до 15 часот на претседателските избори изнесува 32,28 отсто, додека излезноста на парламентарните избори е 36,89 отсто

-

Големи разлики се гледаат во одѕивот на граѓаните во некои општини на парламентарните и претседателските избори денеска. Во Изборната едница 6, но и во другите општини каде што доминира албанското гласачко тело, се забележува многу мала излезност и гласање за кандидатите за претседател на државата, за разлика од гласањето за пратеници. Но, тоа е и можеби очекувано бидејќи на изборното ливче за претседател овој пат нема кандидат од албанско етничко потекло.

Меѓу повпечатливите отстапувања, според резултатите од одѕивот во 15 часот на Државната изборна комисија, се гласовите во Општините Липково, Боговиње, Врапчиште, Арачиново, Кичево, Желино, но и во скопските Сарај, Чаир и Шуто Оризари.

Процентите на излезноста се изедначени во поголемиот број општини во Изборните единици 3 и 4 во централниот и источниот дел од земјата. До 15 часот во Општините Новаци, Кривогаштани, Кратово, Берово, Демир Капија, Дојран, Крива Паланка, Вевчани, но и во скопски Аеродром, процентот на гласови на претседателските беше за нијанса повисок од гласовите на парламентарните избори.

Според податоците на ДИК, излезноста до 15 часот на претседателските избори изнесува 33.73 отсто или 395.576 гласачи, додека излезноста на парламентарните избори е 416.915 гласачи или 37.44 отсто.

Најголема излезеност во моментов, за претседателските избори има во Новаци, со 52.32 отсто, а најмала во Липково, со 3.60 отсто. Споредбено со вториот куг од претседателските избори во 2019 година има зголемување на излезеноста од 3.39 отсто на овие избори, додека споредбено со првиот круг од претседателските избори во април има намалување од 0.84 отсто.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Крива Паланка, со 58.18 отсто, а најмалата е во Центар Жупа, со 13.74 отсто. Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезеноста од 5.66 отсто на овие избори.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...