fbpx

Јавното обвинителство испитува случаи за изборен поткуп

Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности и денеска ќе го следи целиот тек на изборниот процес, а електронска адреса [email protected] останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите

-

Едно лице добило итен предлог за притвор заради поседување оружје и муниција, а за друго се води постапка за изборен поткуп, информираше денеска јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата на Јавното Обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборите. Тој соопшти дека по поднесената пријава во ОЈО Велес со сомненија за изборен поткуп и пронајдено оружје и муниција бил оформен предмет за две лица, од кои за едното лице веќе има итна постапка со предлог за притвор за поголемо количество оружје и муниција кои беа пронајдени кај него, а за второто предметот ќе се одвива во редовна постапка. Во исто време, ОЈО Велес веќе презема дејствија за проверка на наводите кои се однесуваат на изборен поткуп.

Бајрами информира дека известувања за сомненија за поткуп на гласачи биле примени и во Охрид и во Крива Паланка, меѓутоа до овој момент за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства.

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во Парламентарните и во вториот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса [email protected] не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело“, рече Бајрами.

Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности и денеска ќе го следи целиот тек на изборниот процес, а електронска адреса [email protected] останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите.

„Во сите основни јавни обвинителства се организирани вонредни дежурства, сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства“, истакна јавниот обвинител Бајрами.

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...