fbpx

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Зградата со необичниот прекар е дел од академијата за право на поранешниот пратеник Серхиј Кивалов, кој бил повреден во нападот

-

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица.

Тие кои биле во зградата немале доволно време да се евакуираат, бидејќи сирените се активирале само неколку минути пред нападот.

„Типот на ракета во моментов се испитува. Форензичарите ги вршат соодветните проценки“, рече портпаролот на јужните одбранбени сили на Украина, Дмитро Плетенчук.

Инаку, зградата е дом на Серхиј Кивалов, кој бил повреден во нападот. Зданието исто така е дел од академијата за право Кивалов, кој бил повреден во нападот. Нејзиниот прекар доаѓа од готскиот стил во кој е изградена, кој потсетува на замоците од серијалот „Хари Потер“.

Инаку, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера беше во посета на Кијив. Тој изјави дека членовите на НАТО не ѝ пружиле доволно помош на Украина навремено, што ѝ дало на Русија одредени воени предности. Но, тој истакна дека ќе пристигне соодветна воена, хуманитарна и финансиска помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е вистина дека Преспанскиот договор е неважечки

Преспанскиот договор е меѓународен и билатерален, потпишан и ратификуван од страна на двете земји. Тој е дел од внатрешниот правен поредок и на Северна Македонија и на Грција. Затоа...