fbpx

Нови 27 случаи на голема кашлица, четворица се хоспитализирани

Од вкупно 516 заболени лица, 309 не биле вакцинирани

-

Во последната недела, пријавени се 27 нови случаи на голема кашлица, со намалување од 41 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во Скопје, а пријавени случаи има и во Битола, Куманово, Тетово и во Демир Хисар. Возраста на заболените се движи од еден месец до 54 години, а најголем број на случаи се од возрасната група од 10 до 14 години.

„Во однос на вакциналниот статус на заболените, 15 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраст. Од новите 27 заболени лица, 4 се хоспитализирани. Заклучно со 25 април во државата се регистрирани вкупно 516 случаи на голема кашлица“, наведено е во извештајот на ИЈЗ.

Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето (за седмодневен период од понеделник-недела) се забележува континуиран пораст на бројот на случаи на неделно ниво, до дванаесттата недела. По неа, со мали варијации, бројот на пријавени случаи се намалува.

„Во однос на вакциналниот статус, 309 лица од заболените не се вакцинирани, се некомплетно вакцинирани согласно возраста и Календарот за имунизација или се со непознат вакцинален статус. Комплетно вакцинирани или вакцинирани согласно возраста се 207 лица“, се наведува во извештајот.

Освен вакцина, нема друг лек против голема кашлица. Надлежните усвоија мерка согласно која децата не смеат да одат невакцинирани во градинка. Мета објави дека и епидемиолозите инсистираат на вакцинирање на населението, посенбо откако Комисијата за заразни болести во февруари предложи да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дигитално земјоделство – нова студиска програма на Факултетот за земјоделски науки и храна

Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје отвора нова студиска програма по Дигитално земјоделство. Програмата, соопштија од таму, има мултидисциплинарен пристап и се реализира во тесна соработка...