понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: пертусис | 35 резултати

Eпидемијата на пертусис не стивнува, за една недела регистриран 21 нов случај

август 16, 2024

Во периодот од 9 до 15 август пријавен е 21 нов случаj на голема кашлица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје, а пријавени се и 6 случаи од Тетово, три од Куманово, по 2 случаи од Прилеп и Битола и еден случај од Кратово. […]

За една недела 25 нови заболени од пертусис, од нив тројца се хоспитализирани

август 6, 2024

Во периодот од 26 јули до 1 август пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје, а пријавени се и10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и Тетово. Возраста на заболените се движи од 2 […]

Расте бројот на нови случаи на пертусис, осуммина од новозаболените се во болница

јули 15, 2024

Нови 48 случаи на голема кашлица се евидентирани во изминатата недела, соопштија денеска во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Ова се повеќе случаи на неделно ниво, споредено со претходните неделни извештаи на ИЈЗ, кога беа евидентирани од 20 до 30 случаи неделно. „Ова е зголемување од 54,8 отсто во споредба со претходниот седмодневен период. Осум […]

За една недела 30 нови случаи на голема кашлица

јуни 3, 2024

Во период од една недела пријавени се 30 нови случаи на голема кашлица во државата, со намалување од 11,8 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информираат во последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Најголем број од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, 21 случај, во Куманово 3, 4 случаи од Тетово и […]

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

мај 17, 2024

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај за оваа болест. Возраста на заболените се движи од 3 месеци до 77 години, а најголем број на случаи се од возрасната група 5-9 години. Во […]

Нови 27 случаи на голема кашлица, четворица се хоспитализирани

април 29, 2024

Во последната недела, пријавени се 27 нови случаи на голема кашлица, со намалување од 41 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во Скопје, а пријавени случаи има и во Битола, Куманово, Тетово и во Демир Хисар. Возраста на заболените се движи од еден […]

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

април 19, 2024

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најмногу случаи се пријавени во Скопје, а пријавени случаи има и во Битола, Куманово, како и по […]

За една недела нови 44 случаи на пертусис, најбројни се деца од 10 до 14 години

април 12, 2024

Во период од една недела, пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, стои во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Битола  Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од 1 […]

50 нови случаи на голема кашлица за само една недела, 9 од нив се хоспитализирани

април 8, 2024

Во периодот од 29 март до 4 април пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица, информира денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во Скопје (n=34), а пријавени се случаи и во Битола, Тетово и по еден случај во Гостивар, Кратово, Велес и во Гевгелија. „Возраста на заболените се […]

Големата кашлица не е виртуелна, исто како што не е виртуелен и ковид-19

март 30, 2024

Наспроти тврдењето во објавата, пертусисот постои и не е измилен. Според последните информации (22.03.2024) говорат дека бројот на заболени од голема кашлица достигна до 251 случај во државата. Извештајот на Институтот за јавно здравје, покажува дека најмногу заразени има во Скопје, дури 88 отсто од заболените. Не е точно ниту дека ковидот бил виртуелен. Во нашата земја, од почетокот […]

Докторите кои апелираат за вакцинација не се „убијци во бели мантили“

март 24, 2024

Објавата шири теорија на заговор, ги жигосува докторите кои апелираат да се спроведе задолжителната имунизација, нарекувајќи ги „убијци во бели мантили“, „платеници на фармакомафијата“ и со заканувачки тон тврди дека „ќе им се суди за геноцид“. Наспроти ваквите напади врз докторите, вакцинацијата на децата е задолжителна и за неа е изготвен Календар за имунизација, кој […]

Антиваксерска објава големата кашлица и вакцините и ги поврзува со прскање од авиони

март 23, 2024

Во објавата се тврди дека секој којшто ќе ја прими вакцината против пертусис ќе го добие вирусот, како што наводно било случајот и со коронавирусот. Целта на ваквите антиваксерски тврдења е неосновано да се заплашува населението и да избегнува вакцини, иако тие го заштитуваат индивидуалното и колективното здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу […]

Истовременото примање на МРП и ДиТеПер вакцината е безбедно и е препорачано од здравствените власти

март 19, 2024

Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива вакцина, а растојание помеѓу двете вакцини не е потребно. Кога се даваат истовремено, вакцината која содржи компонента против пертусис и МРП вакцината се аплицираат во различни […]

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

март 19, 2024

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше епидемија со морбили. Вистиномер во архивата на граѓанскиот суд од 2019 година, пронајде неколку судски пресуди во кои родители на невакцинирани деца ги тужат градинките зашто […]

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките не е фашизам, туку заштита на населението

март 18, 2024

Постапките на надлежните институции се во согласност со законите и Уставот на државата и тие во никој случај не можат да се наречат фашистички. Забраната за носење невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки не е фашизам, туку мерка којашто се носи за заштита на населението. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 […]

Донесена одлука за прием во градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина

март 15, 2024

Согласно препораките на Комисијата за заразни болести од состанокот одржан вчера, министерот за здравство Илир Демири донел одлука со која се дозволува прием и престој во детски градинки на деца кои по Catch-up календар ја комплетирале примовакцинацијата (три дози ДиТеПер вакцина), со задолжително примање на првата ревакцина 6 месеци по примањето на последната (трета) доза […]

Комисијата за заразни болести утре ќе одлучи со колку примени дози ДиТеПер ќе смее да се оди во градинка

март 13, 2024

Сите нејаснотии околу одлуката за забрана за прием на деца во градинките во државата без примена ДиТеПер вакцина, ќе бидат разгледани и разјаснети утре на вонреден состанок на членовите на Комисијата за заразни болести. Ова денеска го изјави министерот за здравство Илир Демири, после реакциите на родители чии деца се одбиени за прием во градинка, […]

Стари вакцинални теории на заговор во ново пакување

март 13, 2024

Не постојат никакви задни намери или заткулисни игри со вакцинацијата против пертусис. Ниту ковид вакцините, ниту вакцината против голема кашлица имаат за цел геноцид на луѓето. Ова е теорија на заговор која ја шират антиваксерите и која нема никаква медицинска поткрепа. Големата кашлица е акутна заразна болест која лесно се пренесува и може да биде […]

И покрај забраната, во градинките и денес се примаат невакцинирани деца

март 11, 2024

Среде епидемија на голема кашлица (пертусис), денеска во градинките се примаат деца без примена вакцина ДиТеПер, односно деца кои не ги примиле сите потребни дози. Мета.мк се јави во неколку градинки, а директорките со кои поразговаравме, рекоа дека не добиле никакво решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) за забрана за прием. Ова се […]

Од понеделник нема да се примаат деца во градинка без примена ДиТеПер вакцина

март 8, 2024

Решенија за забрана за прием на деца кои немаат примено некоја од потребните дози ДиТеПер вакцина, ќе издаваат од понеделник здравствените инспектори, соопшти денеска Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ). Оттаму информираат дека ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со вакцината. „За секое зголемено отсуство да […]

Страна 1 од 2