Комисијата за заразни болести утре ќе одлучи со колку примени дози ДиТеПер ќе смее да се оди во градинка

Во некои градинки, родители на одбиени деца за прием биле упатувани во вакциналните пунктови, да побараат упат до т.н. Комисија за имунологија на Детската клиника, каде што наводно ќе им била издадена специјална потврда, со која ќе може да посетуваат градинка. Мета се обрати на Детската клиника каде што ни рекоа дека денеска многу родители доаѓале по ваква потврда, но залудно, бидејќи ваква Комисија во рамки на Клиниката, не постои

-

Сите нејаснотии околу одлуката за забрана за прием на деца во градинките во државата без примена ДиТеПер вакцина, ќе бидат разгледани и разјаснети утре на вонреден состанок на членовите на Комисијата за заразни болести. Ова денеска го изјави министерот за здравство Илир Демири, после реакциите на родители чии деца се одбиени за прием во градинка, односно не ги примаат додека чекаат термин за ревакцина.

„Секој коментар кој ќе го даде Комисијата за заразни болести за ваквата состојба јас ќе го почитувам како министер. Ги повикувам родителите да бидат трпеливи. Жалам што одредени деца се вакцинирале со задоцнување, па сега има реперкусии“, рече тој.

Според него, ако детето е вакцинирано, нема причина да се спречуваат да посетуваат градинка. Демири кажа дека членовите на Комисијата како и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, треба да кажат дали децата кои немаат ревакцина може да одат во градинка.

„Многу е важно да се внимава на сензибилитетот на кампањата за вакцинација затоа што се работи за здравје и за животи. Загрижувачки е податокот дека имаме 14.000 нецелосно вакцинирани деца во градинките во време на епидемија“, рече тој.

Во некои градинки, родители на одбиени деца за прием биле упатувани во вакциналните пунктови, да побараат упат до т.н. Комисија за имунологија на Детската клиника, каде што наводно ќе им била издадена специјална потврда, со која ќе може да посетуваат градинка. Мета се обрати на Детската клиника каде што ни рекоа дека денеска многу родители доаѓале по ваква потврда, но залудно, бидејќи ваква Комисија во рамки на Клиниката, не постои.

Од Центарот за јавно здравје – Скопје денеска информираа за нови 11 случаи во текот на едно деноноќие. Некои од заболените биле вакцинирани, а некои биле делумно вакцинирани. Најмалото дете со потврден пертусис има 4 години, а највозрасниот – 44 години.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...